Фотографии: Елена Фиданска

 

Филмската индустрија не би била тоа, доколку не произведува филмови со кои би ја привлекувале публиката во кино-салите и би го оствариле енормниот профит како главна цел.

Тоа е логиката на филмската индустрија. Меѓутоа, индустријата ќе се исцрпи со своите филмски приказни, доколку не се досетува со што ја заинтрегира публиката да оди во кино и да гледа спектакли и блокбастери.

Во потрага по нови фoрми на филмски производи, холивудските големи студија се досетуваат своите филмови, кои што ги снимиле пред две, три или четри децении, повторно да ги снимат, со надеж дека публиката ќе се заинтересира да ги гледа. А со тоа, се разбира, да се реализира профитот (да се заработи што е можно повеќе, од тоа што се вложило).

Таквата форма на филмски продукт е римејкот (повторно одработен, снимен филм). Оваа досетливост на големите холивудски студија секогаш се попратени со ризик – дали и колку ќе остварат профит?

Таков е примерот со најновиот римејк филм „Бен Хур“, во режија на руско-казанстантскиот режисер Тимур Бекмамбетов, а продуциран од најстарите и големи холивудски студија Парамаунти Метро Голдвиг Мајер“.

Овие студија вложиле 100 милиони долари во производство на филмот. Филмот бил прикажуван во вкупно 3084 кино сали во С.А.Д. и во првите четри дена на прикажување заработиле 11.2 милиони долари. Ова не е поволен показател за студијата, со оглед на тоа дека првите две недели се индикаторот на успешоста или промашеноста. И затоа, студијата очекуваат од другите филмски пазари на светот, да заработат повеќе и повеќе милиони долари. Инаку дебакл! Дали ќе заработат?

 

img_4876

 

Патем, филмот Бен Хур е римејк на истоимениот филм на Вилијем Вајлер од 1959 г. снимен според романот на Луа Волс наречен „Бен Хур“: Приказна за Христос од 1880 год. Филмот „Бен Хур“ на Вилијем Вајлер со Чарлстон Хестон во главната улога (за која добил Оскар) е добитник на четри златни глобуси и 11 Оскари (во категориите: најдобар филм, режија, главна машка улога, споредна машка улога, фотографија, сценографија, костими, звук, монтажа, специјални ефекти (трикови и макети и музика)) и го држи рекордот на освоени Оскари, заедно со филмовите „Титаник“ на Џејмс Камерон и „Господар на прстените, Враќањето на Кралот“ на Питер Џексон.

Дали овој римејк на Бен Хур ќе биде славодобитник на Златни глобуси и Оскари? Се сомневаме во тоа! Овој римејк ја раскажува приказната за богатиот и благороден Јуда Бен-Хур, кој бидува заробен како роб, откако неговиот најдобар пријател, Римјанинот Месала, лажно ќе го обвини. После многу години тие се среќаваат во познатата трка со двоколки со четири коња во арената. Во таа трка ќе победи Јуда Бен-Хур, а Месала како поразен, ќе му прости на Бен-Хур, под влијанието на учењето на Христос. И Бен-Хур ќе си го поврати угледот и честа, како и пријателството со Месала. Во тоа е пораката на овој римејк.

Компаративно анализирајќи ги филмовите, се воочува автентичност и оригиналност кај Вајлер, а кај Бекмамбетов компилација и еклектицизам. Најважната секвенца, трката со  двоколките, која е суштината на филмот, е речиси целосно преземена од оригиналот на Вајлер. Воедно во оваа секвенца, публиката во арената се живи статисти во филмот на Вајлер, за разлика кај Бекмамбетов каде е извадено со компјутерска анимација. И тоа делува мошне неверодостојно, како што и отсуствуваат повеќе општи планови на публика што би ја одредувало веродостојноста и вистинитоста на филмските глетки.

Потоа, сцените со Исус Христос и неговото распнување се преземени од филмот „Страдањето на Исус“ на Мел Гибсон. Кога ќе се споредат улогите на Чарлс Хестон како Бен-Хур со Џек Хјустон во римејкот, ќе се согледа продлабоченоста на психолошкиот лик и етички хабитус на Бен-Хур на Чарлстон Хестон, отколку на Џек Хјустон.

Но во римејков „Бен Хур“, особедно треба да се потенцира секвенцата на веслањето на роботите на галиите. Тоа се сцени со мошне перфектна ритмичка монтажа како визуелна, така аудитивна, во една синтеза со темпото на веслањето на роботите. Монтажата е изведена беспрекорно со драматуршката линија на раскажувањето. Во таа насока треба да се акцентираат флеш-бековите во филмот кои ја разјаснуваат приказната, а воедно и ја водат нарацијата според својот логички тек.

На крајот, може само да се констатира дека копијата не може да биде подобра од оргиналот, односно римејкот не може да го надмине својот оргинал. Но филмската индустрија ќе снима римејк-филмови секогаш водена од мотивот за профит. И секогаш е со ризик, како што се случи со римејк-филмовите „Ден на независноста: Нова закана и „Истерувачи на духови да не го реализираат очекуваниот профит.

Впрочем, филмот е бизнис. Еден од продуктите на Метро-Голдвинг-Мајер, Луиз Мајер, сосем јасно рекол: „Филмот е бизнис, и немам ништо против уметничкиот филм, ама сепак филмот е бизнис“.

 

Comments

comments