Фотографии: Елена Фиданска

 

Уште од самиот почеток на филмот, филмската индустрија го одреди обликот на своите производи како жанровски филмови.

И жанрот во филмската индустрија е типизирана форма, шема со константни карактеристики (тема, приказна, драматугија и ликови) и варијабилни (кадрирања, освестлување, монтажа, музика, мизансцен) коишто ја сочинуваат матрицата на одреден вид филмови, кои ги именувме како каобојски, бурлеска, воени, љубовни, авантуристички, хорор, криминалистички, фантастика, научна фантастика, итн; и со таквата парадигма филмовите станувале препознатливи и се ставале во класификацијата на кој жанр секој филм припаѓал.

Како најстар филмски жанр се смета Western-от на Edwin Stanton Porter – The Great Train Robber. И до ден денес имаме неисцрпна лепеза на жанрови коишто се трансформираат, мутираат и пермутираат, а со пост-модернизмот во филмот се врши хибридизација на жанровите и жанровските модели коишто веќе и не можат да се определат во својот чист облик на жанр филм.

Тоа започна со George Lucas, Steven Spielberg и Quentin Tarantino, а особено со воведувањето на дигиталната технологија, компјутерската анимација и појавата на холограмот со виртуелната реалност.

И така, филмот на Bryan Singer X-MЕN: Apocalypse“, не може да се смета ниту како фантастика, ниту како научна фантастика. Едноставно, неговата жанровска матрица пермутира во еден микс на хибридност од библиски мотиви, окултизам и херметички учења со документирани снимки од нашиот свет.

 

IMG_4870

 

Темата е библиска, добриот Господ Бог и лошиот црн ѓавол кој сака да биде семоќен и светот да го преобликува според својата замисла заради злото што во овој свет и цивилизацијата владее.

Апстрактно речено, тоа е постојаната борба помеѓу доброто и злото. И секогаш на крајот ќе победи доброто. Тоа е опсесивната тема на мејнстрим филмови на американската филмска индустрија.

И најинтересното во режијата на Bryan Singer е интерполацијата на монтажната документарна секвенца (што не е вообичаено за ваков вид филмови) со документирани снимки од војната во Виетнам, ракетното наоружување на атомските сили на САД и СССР, како и атомските проби и експлозии; којашто секвенца на филмот му ја одредува социјативноста на феноменот на злото во овој свет и метафизиката на истото зло во оностраноста презентирана со визуелна анимација и аудитивни ефекти на окултизмот, магијата и херметичноста на скриените сили и тајни на постоењето.

Самата дозоливост да се поигрува со визуелната кинестетичност, како и кинематичната асоцијативност доведува до проблематизирање на жанровската драматургија и оправданоста на визуелно-аудитивната кореографија на ефектите во наивното психилошка, логичка и научна прифатливост за доживување на наративот во неговата убедливост  или видео игра превземена од стриповите на Marvel и реализирано во студијата на Marvel.

Сосем е поинаку доживувањето кога се чита стрипот за разлика од доживување на синематичен начин. Таквата дискрепанца е присутна во сите серијали Batman, Superman, Spider Man, Ant-Manи т.н.

 

IMG_4829

 

Впрочем, научната фантастика започна со Georges Méliès и неговиот филм A trip to the moon”. Во обидот на наивен начин (за тоа време на почетокот на филмот) и духовито романтично, да ни го претстави човековиот престој на месецот.

Веќе, Fritz Lang со филмот Mertopolis” снимил филм на научна фантастика par excellence, со неверојатна инвентивност и футуристичка замисла на иднината на мегалополисите и социјалните конфликти на класите и класната борба. Тоа е филм со ненадминати секвенци на научно фантастични архитектонски замисли.

И до ремек-делото на Stanley Kubrick, „2001: A Space Odyssey”, поставува лимит дека секој нареден филм за да биде веродостоен во научно фантастичен жанр, мора да се снима во вселенските автентични простори.

Споменативе филмови на класиката на научната фантастика, прикажуваат дека јасно профилираните жанровски матрици го чинат филмот да биде јасен во својата естетика, поетика и идејната поставеност на темата, а не само обична визуелна игра на најновите технологии и визуелни илузионистички конфузии.

Дозволиво е да има исчекор и поместувања во жанровската матрица на драмтургијата, но не е дозволиво да се има произволности без драматуршка и естетска оправданост.

 

Comments

comments