Се работи за Sing2Bling (S2B), светско музичко онлајн натпреварување, кое првично започнува на балканскиот онлајн простор.

Замислата позади Sing2Bling, онлајн музичко натпреварување, е да им помогне на засега непознатите музичките таленти да станат вирални музички ѕвезди, да бидат препознаени, како од фановите така и од музичките продукции, и да ја лансираат својата музичка кариера. Разликата помеѓу Sing2Bling и традиционалните музички шоуа е во тоа што ги избегнува класичните ограничувања од типот на трема, одлуки од жири, еднократната шанса за претставување и ограничување во жанр.

За платформата и за тоа како се разликува од другите навидум слични музички проекти, основачот, Иван Јанков, изјавува:

„Проектот е самофинансиран, а реализиран од тим на македонски дизајнери и програмери од Дигитал Презент. За да се дојде од идеја до реализација на платформата, на тимот му беше потребна повеќе од една година. Од драфт планови и правна заштита на светско ниво, па сè до тестирање на квалитет и лансирање. Целта на проектот е да се поттикнат талентираните луѓе, особено неоткриените и срамежливи таленти, да го покажат својот талент и со тоа да им се помогне да бидат видени од реномирани музички продукциски куќи. Во однос на фидбекот од страна на публиката, првичните тестирања покажаа позитивни резултати и критики. Се надеваме дека истото ќе се случи и во Македонија и дека токму првиот победник и новата балканска ѕвезда ќе биде од тука.“

 

 

Платформата функционира така што на корисниците им овозможува да закачат видео и да го споделат на социјалните медиуми. Секој учесник на Sing2Bling е потенцијален добитник на дневна, неделна, месечна и главна парична награда, за кои важно е да се напомене дека се без обврзувачки договори за победниците и S2B платформата.

Добитник на главната награда е оној чие видео ќе стане вирално, односно кое ќе има најголем број на споделувања, гласови и прегледи за време на циклусот.

И за на крај, ако сакате и вие да сте дел од S2B приказната, пријавете се и учествувајте на следниов линк.

 

Comments

comments