Зафатени со припреми за Ноќта на Вештерките (резбаме тикви и бараме идеи за костими), наидовме на една интересна галерија која го прикажува процесот на креирање на студиски хорор фотографии.

Еден од најактуелните светски фотографи во оваа област е Joshua Hoffine. Подолу ќе најдете неколку слики кои ќе ве пренесат „behind the scenes“ на едно од најпознатите дела на Josh, насловено како „Lady Bathory“.

Joshua Hoffine

Кога сме веќе кај хорор фотографиите, да ве известиме дека започна второто издание на натпреварот за хорор уметнички дела „Sinister Days“ во организација на фото-блогот Revoshot. За разлика од минатата година кога натпреварот беше отворен за сите уметници, годинава учество можат да земат само фотографи.

Поканети да учествуваат се сите фотографи. Своите хорор фотографии можат да ги испратат на (http://www.revoshot.com/sinisterdays2015) од 19.10.2015 до 31.10.2015. Не е ограничен бројот на фотки што еден фотограф може да испрати.

Жирито составено од Ерина и Јане (уредниците на Revoshot) и Гоце Велески ќе избере три фотографии чиишто автори ќе бидат наградени со: торба за фотоапарат за првото место, сет од ND Cookin P филтри за второто место и креативна врвка за фотоапарат за третото место. Покрај тоа, жирито има подготвено и неколку мали изненадувања за победниците.

Повеќе детали околу натпреварот, како и инспирација, можете да најдете на Revoshot.

Изработката на „Lady Bathory“

 

Comments

comments