„Скопје 2044 година. Загадувањето го достигнува својот врв, градот и државата се отруени до максимум и напуштени. Се организираат сафари тури низ Дрисла, набљудување на кулите од отпад во Шутка и прошетка низ многубројните споменици во центарот на градот, дел од Скопје 2014.“

Ова е само дел од богатата понуда на активности кои ги нуди имагинарната туристичка компанија „Discover DySkopje“ во 2044 година, создадена пред неколку месеци од група студенти и професори од Westminster College во Лондон, кои после посетата на Скопје и запознавањето со проблемите со загадувањето, решиле да го креираат овој дистописки проект.

 

 

Преку хумор и сатира, уметничкиот проект „Discovering DySkopje“ ја критикува неангажираноста во решавањето на сериозниот проблем со загадувањето на градот. Па така туристичката компанија родена во градот кој се само-загушил, во својата понуда на аранжмани, покрај погоре споменатите нуди и прошетки низ модерната урбана населба на Милениумскиот крст, Водно и остатоците од Старата скопска чаршија.

Ова сметаме дека е одличен момент за споделување на проектот, како дополнителна мотивација за приклучување кон протестите за чист воздух, кои ќе се одржат оваа сабота (17 ноември) во Скопје.

 

 

Comments

comments