Доделуваме по два билети на два читатели за настапот на Morcheeba и Nouvelle Vague овој петок. Сè што треба да направиш е да тагнеш пријател во Facebook коментар со кого би сакал да одиш на концертот, а шансите ќе ти се зголемат ако го шернеш Facebook постот со #Neuland. Добитниците ќе бидат одредени утре (петок) до 16.00 часот.

Официјалниот почеток на летото ќе го одбележиме со стартот на третото по ред издание на скопскиот летен фестивал, Skopje Calling, кој ќе се одржи на стадионот на АРМ од 21 до 24 јуни.

За значењето на Skopje Calling е сувишно да трошиме реченици, затоа што се работи за еден од оние скопски фестивали, кои за релативно краток период успеаа да привлечат светски музички ѕвезди, кои дотогаш сме имале можност да ги гледаме само на YouTube.

Оваа година, како и минатата, активен поддржувач на фестивалот е Neuland, кој ни е најдобро познат по тоа што на минатогодошниот Skopje Calling понуди одличен репертоар на свежи и иновативни активации во својата таканаречена „Neuland зона“.

 

Morcheeba ќе настапат во петок (22 јуни)

 

Skopje Calling 2018 ќе го отворат  Axwel & Ingrosso, кои на 21 јуни ќе настапат на стадионот на АРМ, со почеток во 21.00 часот. Axwell & Ingrosso е шведско дуо кое беше дел од популарните„Swedish House Mafia“ и е еден од водечките тандеми на елекстронската денс сцена („EDM“).

Следниот ден, на 22 јуни, со почеток во 20.00 часот, откако сцената ќе ја загреат македонските Funk Shui, ќе го проследиме настанот на трип-хоп хероите Morcheeba, кои доаѓаат за прв пат во Скопје во целосен состав. Веднаш по нив, вечерта соодветно ќе ја заокружиме со музиката на легендарните французинки Nouvelle Vague.

 

Alan Walker ќе настапи во недела (24 јуни)

 

Skopje Calling 2018 официјално ќе биде затворенна 24 јуни со настапот на Alan Walker . Alan Walker  важи за едно од најголемите имиња на елекстронската денс сцена во моментов. И иако има само 20 години, Walker е еден од најслушаните артисти на денешнината. На YouTube неговите хитови „Faded“, „Alone“ и „Sing Me To Sleep“ соборија рекорди на гледаност, додека паралелно ги освојуваа светските топ листи.

 

Comments

comments