„Скопје синема сити“ е фестивал фокусиран на музички документарни филмови. Годинава неговото есенско издание ќе се оддржи на 5 и 6 октомври, во Кинотека на Македонија.

А со оглед на тоа дека фестивалот се случува по четврти пат, во текот на годината се организираат 4 филмски настани. Централно место во програмата на Синема Сити е музиката и нејзиното филмско претставување.

 

 

Фокус на програмата е филмот за легендарната група ЕКВ, „Како да беше некогаш“ на режисерот и авторот Душан Весиќ. На проекцијата на филмот ќе присуствува и режисерот Весиќ, кој ќе дојде од Белград, a по проекцијата ќе се одржи разговор со него.

Останатите филмови се „Звук и тишина: Патувања со Манфред Ајхер“, којшто е своевиден музички патепис со основачот на реномирана издавачка куќа за џез-музика од Минхен, ЕСМ, кoj патува по светот снимајќи музика. Потоа, на 6 октомври, ќе следи филмот за најпознатиот класичен пијанист на денешницата Ланг Ланг, којшто ја следи неговата животна приказна како едно дете од рурална Кина станува еден од најдобрите светски пијанисти. Ова издание на фестивалот ќе се затвори со филм за еден од најпознатите музички композитори, Стив Рајш, кој заедно со композиторите Филип Глас, Ла Монте Јанг и Тери Рајли, е познат како основоположник на минимализмот во класичната музика.

 

Comments

comments