Колку пати изминатиот месец се обиде на другар ти да му го објасниш цел викенд со една слика на Viber, 10 емоџи и 3 стикери со коали? *insert dancing twins emoji here*

Кој би рекол? Пред неколку месеци Oxford Dictionary за збор на годината 2015 го прогласи емоџито што се смее-плаче. Ова е прв пат збор на годината да биде симбол, а тоа нè тера да се запрашаме: Што во името на сите консонанти се случува со светот? Дали ова значи дека речникот е дупло поголем и шансите двојно поголеми? Дали емоџи се новиот (успешен) есперанто? Модар патлиџан e модар патлиџан секаде во светот.  

Можеби не секогаш сме максимално горди на тоа, ама дефинитивно уживаме во секој момент, секој до еден од тимот на Reborn би се препознал себеси како дигитално-дете-на-21-век.

Ова значи дека течно збориме емоџи, некои од нас користат Snapchat, некои дури и Tinder, нема ситуација која не можеме да ја претвориме во GIF, сè уште се сеќаваме на панталоните на Lena Dunhamи многу добро сме запознаени со новата кампања на Diesel.

 

 

Можеби не нè познаваш лично, но сигурно до сега веќе ти е јасно дека уживаме работата целосно да ни зависи од интернет и од тоа дали Zuckerberg сабајлето се разбудил нервозен, па решил дневните Reborn постови да ги покаже на само 300 луѓе. Се случило неколку пати, ама пополека почнува да нè засакува Mark. Осеќаме.

Откако се соочивме со тоа дека никој од нас никогаш не помислил да се откаже од Facebook и дека сите обиди за печење француски колачи биле затоа што француските најдобро изгледаат на Инстаграм, се обративме за мислење кај нашите скопски дигитал-комуникациски-експерти. Ги распрашавме за нивниот живот на социјалните мрежи, нивните омилени емоџи (прикажани до нивните слики подолу) и најзабавно од сè — да ја декодираат нашата прекрасно смислена емоџи приказна: ? ☠ ? ? ☀ ? ? ✨ 

 

///

 

Fashion DNA

Модна лабараторија на Дани Ѓуровска и Александра Трпеска.

fashion-dna-1     fashion-dna-8     fashion-dna-7     fashion-dna-4     fashion-dna-2     fashion-dna-6     fashion-dna-5     fashion-dna-3

„Корисници сме на многу социјални мрежи: Facebook, Instagram, Twitter, а бидејќи најчесто се изразуваме преку слика, можeме да кажеме дека Instagram е платформата каде нашата работа може да допре на глобално ниво.“

 

Користите ли Tinder?
Не би користеле, не дека имаме нешто против, ама не преферираме запознавање на социјални мрежи и слепи состаноци. Дотолку си заинтересиран за некого во мал град како што е Скопје, дотолку имате заеднички работи што лесно би нашол начин да се запознаеш.

А Snapchat?
Зависници сме од Snapchat. Lifestory on our snapchat story. Usernames: a-fashiondna на Алекс и d-fashiodna на Дани.

Интерпретација на нашата емоџи поема: ? ☠ ? ? ☀ ? ? ✨ 
Животот во Скопје. Навечер мртви пијани, преку ден принцези и сè им е магично.

 

///

 

Иван Медо Димоски

Андроид девелопер кој во слободно време прави згодни бургери.

medo-1     medo-2

„Бидејќи сум програмер, сумњам дека денес ќе го правев тоа што го правам, ако не постоа социјални мрежи. Плус, има и социјални мрежи за програмери, пола од тоа што го знам денес, немаше да го знам да не беа тие.“

 

Користиш ли Tinder?
Касно ми е за Tinder.

А Snapchat?
Не користам Snapchat.

Интерпретација на нашата емоџи поема: ? ☠ ? ? ☀ ? ? ✨
Ерзана.

 

///

 

Skopje Casual

Четири годишен простор за модно изразување на три скопјанки.

skopje-casual-5     skopje-casual-4     skopje-casual-3     skopje-casual-1     skopje-casual-2

„Најуникатно нешто кое го правиме оналјн е само наша онлајн локација која секојдневно ни носи радости, ни дава простор за креативност, ни дозволува да се изразиме на уникатен начин, ни помага да го правиме Скопје такво какво што сакаме да биде.”

 

Користите ли Tinder?
Прифаќајќи го ризикот да бидеме скроз анкул, ќе си признаеме дека сме олд скул и ниедна од нас досега немала потреба за Tinder :). Самиот концепт на апликацијата не води кон врска, така да, и да се решиме некогаш да ја користиме – ќе биде само за една намена. 😉

А Snapchat?
Ива (@ivaiva) како social-media-бубалица да, останатите уште не. 🙂

Интерпретација на нашата емоџи поема: ? ☠ ? ? ☀ ? ? ✨ 
По тебе денот умираааа за твојта ноќнааа кралицааа
По тебе сонце заоѓааа како маааГИиииЈААааа
УУУУУ АААА УУУУУ АААА УУУ ААА нанана ееее

 

///

 

Наташа Бојчева

Косоока долго-присутна твитерџика.

natasha-1     natasha-2

„Многу го сакам Twitter затоа што покрај хехе-шегите, кога ќе поставиш конкретно важно прашање секогаш има некој кој одма ќе го одговори, без разлика дали бараш линк, број, адреса или само инфо.”

 

Користиш ли Tinder?
Не би користела Tinder и не би стапила во врска со некој запознаен на таква апликација бидејќи сметам дека не можеш да имаш ништо сериозно со некој со кој сте си свајпнале десно.

А Snapchat?
Со Snapchat се мачам веќе неколку години. Три пати го инсталирав и три пати го избришав. Некако премногу ме замараа луѓето кои ги имав аднато, иако не беа многу и сите ми беа блиски. Премногу ми беше да ми вибрира телефонот секогаш кога некој е гладен за внимание.

Интерпретација на нашата емоџи поема: ? ☠ ? ? ☀ ? ? ✨ 
Nа изгрејсонце сум како мртовец, не ми прави муабет во првите два саати, но навечер се претварам во принцеза и ги сакам сите бидејќи со заоѓањето на сонцето ја добивам својата маѓија.

 

///

 

Ерина Богоева

Блогерка чии патешествија ги следиме преку нејзините одлични-фотографии.

erina     erina2

„Нешто уникатно што правам онлајн, а не би правела без тоа, е веројатно листањето на стотици фотографии на ден (кога имам време) во потрага по инспирација или само од восхит.“

 

Користиш ли Tinder?
Не сум размислувала за Tinder, така што веројатно не би го користела воопшто.

А Snapchat?
Не користам Snapchat.

Интерпретација на нашата емоџи поема: ? ☠ ? ? ☀ ? ? ✨ 
Приказната ми личи како сиже од некоја многу power металска песна. Што знам…

 

///

 

Јована Тозија

Една од сестрите Тозија. Онаа со точакот и твитерот.

jovana-1     jovana-2

„Социјалните мрежи нè прилагодуваат нас, и ние ги прилагодуваме на секодневните обврски, it goes both ways.”

 

Користиш ли Tinder?
Tinder користам да, сум стапила во врска веќе. 🙂

А Snapchat?
Snapchat немам.

Интерпретација на нашата емоџи поема: ? ☠ ? ? ☀ ? ? ✨ 
David Bowie: The stars are never sleeping, dead ones and the living.

 

///

 

Кристина Нановиќ

Љубителка на музеи, особено на оние што изледаат добро на Инстаграм.

     kristina-2

„Омилено нешто кај социјалните мрежи ми е можноста за визуелно изразување. Кај мене имаше огромна улога во наоѓањето ново хоби, кое подоцна доби посериозни димензии и денес зазема значајно место во моето секојдневие. Верувам дека умеам подобро да се изразам преку слика отколку со збор, па иако не е сосема уникатно, она што за мене го направија социјалните мрежи е токму услугата да го откријам тоа.“

Користиш ли Tinder?
Не би користела Tinder, и тешко веројатно за емоционална врска.

А Snapchat?
Не користам Snapchat.

Интерпретација на нашата емоџи поема: ? ☠ ? ? ☀ ? ? ✨ 
Еден сончев ден, кога изгреало сонцето од зад ридот, кралицата се шетала. Кога видела како нешто светка, се доближила и ја нашла топката. Ја прашала што ја очекува и кога одговорот бил „смрт”, сонцето зашло.

 

///

 

Ирина Аврамовска

Инстаграмџика која за секоја добра фотографија има да понуди добра песна.

irina     irina-2

„Уникатно нешто што го правам онлајн и не би можела офф, е можеби инстант пристапот до се поширок круг на луѓе кои имаат што да споделат од сопствените знаења и умешности, пример нови техники или трикови околу фотографија или за што и да се интересирам во дадениот момент.“

 

Користиш ли Tinder?
За било која емоционална врска сметам дека е потребно потемелно запознавање на спротивната личност, блискост која што на Tinder мислам дека не е број еден приоритет :). Оставам на можностите, ама јас лично немам некој став дека истото би се случило. 😀

А Snapchat?
Не. 🙂

Интерпретација на нашата емоџи поема: ? ☠ ? ? ☀ ? ? ✨ 
Приказните на исклучителните луѓе не завршуваат со смртта. : )

 

///

 

Дарко Лешоски

Поетот на кој му ја вратија јакната.

darko

„Нешто што луѓето се срамат или плашат да го споделат или кажат јавно – го прават таму. Колку и алузивно да изгледа, колку и случајно да делуваат некои објави – тие не се. Мислам дека се еден вид ново – душевно огледало.“

 

Интерпретација на нашата емоџи поема: ? ☠ ? ? ☀ ? ? ✨
1. Санторини.
2. Досадна ознака за Смрт или опасност – ништо не е погретескно од костур, дури и костурниците во манастирите мислам деа повеќе ја величат смртта од животот и мислам дека е глупаво.
3. Животот не е привремен зошто би била смртта?
4. Една девојка.
5. Индија.
6. Вевчани.
7. Аура (од еден човек до друг трансферот на енергија).

 

///

 

Ангела Јаневска

Блогер. Во слободно време студент по медицина.

angela3

„Кога не би постоела онлајн комуникацијата, дефинитивно би го правела истото што го правам денес, со таа разлика што веројатно помалку би ме интересирало што прават другите.“

 

Интерпретација на нашата емоџи поема: ? ☠ ? ? ☀ ? ? ✨
„Ноќна кралица” – Ерзана

 

///

 

Comments

comments