Од 21 до 25 ноември, во Јавна Соба и Лукс, по осми пат ќе се одржи Skopje Design Week. Земја на фокус е Германија.

Германија годинава најавува изложба на 12 дизајн студија, отворени презентации на дизајнерите, посета на производни компании и соработка со производни компании од Македонија кои сакаат да се пласираат на германскиот пазар.

Фокус на програмата на Скопската недела на дизајн ќе биде што значи да се биде дел од светскиот пазар преку претставувување на најголемот саем за мебел во светот Imm Cologne. За таа цел ќе биде организирана работилницата под менторство на Хелмут Меркел и Уве Дитерсен наречена „Како до подобра презентација на ИММ Келн”.

Младите дизајнери ќе можат да  се образуваат и инспирираат преку работилница за дизајн на производ за млади дизајнери под менторство на Инеке Ханс, продукт дизајнер и професор на академијата за дизајн од Берлин.

Во ЕКСПО секцијата, младите дизајнери од Македонија и регионот традиционално изложуваат сопствени производи и ќе имаат шанса да запознаат производители со кои ќе реализираат потенцијална соработка.

 

 

Детските работилници кои се дел од викенд програмата имаат за цел да ја поттикнат креативноста од најрана возраст и да ги вклопат чистите детски идеи во создавање на совршени решенија за производ или услуга.

Во рамките на гастрономското катче пак, Марк Де Јонг ќе води тридневно гастрономско шоу, каде ќе гостуваат познати личности од културната сцена. Секој нивен заеднички перформанс ќе резултира со дегустација на подготвените јадења.

Секој од петте денови на Skopje Design Week ќе биде затворен со музичка програма која најавува премиерни настапи на голем број на бендови и DJ-и од регионот.

Работното време на Skopje Design Week е секој ден од 21 до 25 ноември од 09:00 до 01:00, а влезот е бесплатен за сите посетители.

 

Comments

comments