Скопје филм фестивал и оваа година со светски познати хитови и почитувани гости од филмскиот свет. Програмата вклучува панорама на светски филм, панорама на авторски филм, гала програма, фокус на француски филм, фокус на тајвански филм, ретроспектива на Pedro Almodovar, програма на краток филм и македонска продукција.

На програмата ќе може да го проследите овогодинешниот победник на Берлинале, „Fire At The Sea” – документарен филм посветен на бегалската криза, македонскиот „Лазар” на режисерот Светозар Ристовски, „Carol”, „Silent Lips”, „The Measure Of A Man”, „My Golden Days” и многу други.

Ќе имаме прилика да погледнеме и филм од Takeshi Kitano во секцијата авторски филм, како и ретроспектива на најпознтите филмови од ценетиот и контраверзен оскаровец – Pedro Almodovar.

 

12970864_10154088452807878_8252793291554819491_o

 

Гости оваа година на Скопје Филм Фестивал ќе бидат режисерот на „Silent Lips”, Carl Abrahamsson,  главната актерка Linn Sparrenborg, како и Goran Navojec и Vedran Zivolic од „Лазар”.

Фестивалот ќе се одржува на три локации, и тоа во Кино Милениум, Кинотека на Република Македонија и Кино Фросина, од 22.04.2016 до 30.04.2016.

Отворањето на фестивалот е на 22.04.2016, петок во Кино Милениум, со францускиот „Saint Amour” на Benoit Delepine и Gustave de Kervern.

 

12823231_10154008746902878_3579486400158008026_o

 

Comments

comments