Вчера бевме на отворањето на Skopje Pride Week, а Мала Станица беше центарот на културата во Скопје.

Cassils нè испрати во некоја друга димензија, нè прошета низ темни соби каде одекнуваа звуци и крици од болка и ни ја визуелизираше трансформацијата на човекот во некоја друга форма. Но тоа беше само почетокот, а ние во следните три дена ќе имаме можност да уживаме во уште многу други убавини кои се во рамките на Неделата на гордоста во Скопје.

Возбудени и нетрпеливи ви соопштуваме што ќе имате можност да видите на последниот ден од овогодинешниот Skopje Pride Week. Станува збор за незаборавно дрег-кабаре искуство –Ефемерни исповеди: песни за декаденцијата, луксузот, љубовта и омразата“. Ќе ви кажеме по некој збор за овие дрег-дами, но се разбира дека е само скромен обид да се опише она што ќе го видите во недела.

Вонбрачно дете на руски револуционер и германски аристократ, страсна и непоколеблива, тоа е заводничката Маркиза де Сада. Една од нејзините заеднички страни со Џоана Хелмут Кол е огромен талент во буткање на рака. Инаку Џоана е нескротлива емо-панк револуцинерка, за која е важно е да се каже дека е првата која стапна од другата страна на Берлинскиот ѕид.

 

 

За да не биде досадно, а да биде турбулентно, затоа што дрегот е уметност, а не шала, оваа драма мора да биде уште поголема и поблескава. Сјајот на ова шоу го надополнува величествената Декаденца. Со огромна љубов кон сцената, мјузиклите и уметноста, оваа кабаре-дива која потсетува на грациозната дама Devine, е многу важна алка во ова феноменално дрeг-шоу.

Инаку оваа дрeг-магија не би била комплетна без лудиот пијанист Фриц Клајн на сцена кој е прекрасна мајка на мало дете, чиј талент ова драг искуство под рефлекторите го прави навистина незаборавно. Шверцер и љубител на кабли, овој музичар е јаготката на огромната, шарена и пуфкаста дрег-торта.

Сите радикални во сексот, нескротливи, револуционерни, талентирани и диви, овие дами ќе ви подарат Кабаре какво што досега не сте виделе во Скопје.

 

Comments

comments