Од минатиот викенд се немаме дружено со Индог. Многу е.

Ние веќе пишувавме, а вие ако не сте прочитале досега, направете го тоа тука – викендов (10-12ти јуни) се одржува Skopje Street Festival. Овој пат сме малку поконкретни, па иако сериозно сме возбудени за Delinquent Habits, Bvana, Dj Chvare, Dj Goce SAF, The John, Noviot Pochetok и другите, признаваме, хит ни е работилницата Red Bull Curates Skopje.

Како што на неколку наврати досега јавно признавме, присуството на полу-американец во нашиот тим е неверојатно корисно (поголемиот дел од времето). Според него, истата оваа работилница се случила пред две години во Чикаго, и била феноменална.

 

red-bull-curates-canvas-cooler-ukraine

 

Накратко, во Градскиот парк, во импровизирано „игло“, 10 уметници ќе претворат 10 фрижидери во платно за цртање. Да, фрижидери. Посетителите освен што ќе уживаат во процесот, туку преку гласање ќе го изберат делото што ќе биде изберено за најдобро.

Меѓу уметниците се тату артисти (Горан Мичиќ), графити цртачи (Нак47, Хром, Мачка и Руки) и скулптори (Андреј Миневски и Ив Мојсовска). А куратор на проектот е другарот Горан Костовски, познат под псевдонимот Ind.O.G.

 

tumblr_mt9vfaUgbV1rshz1po1_1280

 

По завршувањето на фестивалот делата ќе бидат поставени на неколку различни локации низ Скопје, а во главном во ноќни клубови. Заинтересираните ќе можат да гласаат во периодот од 12-ти до 18-ти јуни, кога и ќе биде прогласен победникот. По завршувањето на Red Bull Curates сите дела ќе бидат поставени во „Кино Карпош“.

Ако работилници од ваков тип не те возбудуваат, можеш да дојдеш на некоја од другите: Ujusansa Graffiti Contest, DJ’s Clash, Beats and Breaks со Propo ‘88, Дојди на Custom Патика part 2

 

 

 

SPF-fest-3

 

Comments

comments