Разгледувајќи ја нашата опседнатост со графити цртањето низ годините, заклучуваме една работа – нивото на возбудливост останува константно, но причината за возбудливоста се менува.

Додека еден графити-опседнат-тинејџер најверојатно затреперува поради бунтувниот аспект на графити цртањето, возрасен човек (каков што би требало да бидеме ние денес) сталожено се восхитува на уметноста во едно добро графити дело.

 

1-optimized

 

Ние сме супер-возрасни поголемиот дел од времето: отвораме сметки во банка, пиеме квалитетно вино од вистински чаши за вино и силно ја стискаме раката кога се ракуваме. Но пред само неколку дена, кога начекавме еден од нашите омилени скопски графити-цртачи на дело, бевме вистински, искрени тинејџери.

Се потсетивме на нашите омилени графити од детството. Во средношколските денови кога гимназиските клупи и тетратки ги шкртавме со револуционерни изјави и стихови од панк песни, омилен скопски графит ни беше „Имам скирол не знам да го возам“. Сè уште ни е.

Неверојатно е како еден добар цртеж на ѕид или дури и најобична шкртаница успева да те натера да сонуваш или уште подобро да те потсети на наивните соништа од пред 15 години.

Иако реакцијата беше тотално детска, нашата последна графити-мини-авантура не вклучува никакви анти-фашистички пароли и извадоци од песните на Cock Sparrer. Напротив, апсорбиравме возрасна графити-енергија од еден од нашите омилени скопски цртачи, кој за возбудата да биде уште поголема решивме да остане анонимен.

 

2-optimized

12-OPTIMIZED

22-optimized

26-optimized

 

Набљудувавме и пазевме да не испуштаме многу зборови и звуци. Не сме сигурни колку лесно се дефокусира еден цртач. Но не можевме да одолееме и да не ги заактивираме сите фото-апарати кои ги носевме на рамо и сите мобилни телефони од џебовите.

Нашата авантура беше симпатична и кратка, заврши кога моравме да се вратиме на нашите возрасни, досадни обврски. Но оние анонимните артисти продолжија да скокаат од ѕид на ѕид, од билборд на друг.

 

Comments

comments