Бендови, уметници, дџ-и, дизајнери, танчери, блејдери… сите на едно место.

Вечерва со почеток во 16.30 часот, во Concept 37 соодветно ќе го одбележиме крајот на кампањата Reborn x Smooth. Соодветно значи со добра забава и Smooth, нели.

Те покануваме да ни се придружиш на аfter-work забавата на која ќе се дружиме со ликовите кои ја овозможија оваа кампања и ќе наздравиме за уште многу вакви соработки во кои ќе биде вклучен креативниот македонски свет.

Во рамки на оваа кампања, во партнерство со Скопско Smooth, го поминавме летото трудејќи се да раскажеме колку е можно повеќе локални приказни. Те запознавме со ликови за кои навистина вреди да знаеш, ги споделивме нивните идеи, мисли, ставови, вредности и делувања кои му пркосат на општиот шум на нашето време.

 

Подолу се неколку од нашите видеа од кампањата:

 

 

 

 

Comments

comments