Спонзорирано од Скопско Smooth
Фотографии: Елена Фиданска

 

Може да се лажеме колку сакате, ама на сите омилен дел од градот ни е Дебар Маало.

Заедно со #СкопскоSmooth, преку нашиот Facebook профил, кус текст и комбинација на хаштази ги запознавме девојките и момците без кои Скопскиот живот не би бил тоа што е.

Како Скопјани, може да се бориме против тоа колку сакаме, ама во стилот на една неверојатно харизматична поговорка – можеш да го извадиш лавот од џунглата, но никогаш нема да ја извадиш џунглата од лавот. Затоа, крајно време е да се соочиме со тоа – засекогаш, секое слободно време што го имаме ќе го одвојуваме за пиво/кафе со добар муабет.

Од истите тие причини, сега им го пружаме заслуженото внимание на момците и девојките кои ги гледаме повеќе од родителите. Подолу е една куса ретроспектива на тоа што се случуваше изминатиот период. Voilà!

 

img_9119

mad-kitchen-fb

МАРТИНА ОД MAD KITCHEN

#Несум Магде, туку Марте! 🙂 Работам во Mad Kitchen и мојата омилена ствар во врска со Mad се феноменалните бургери, кои многу нелогично, ама мe прават да се чуствувам како „кинеска кралица”. #Несум келнерка, затоа што немам избор, туку затоа што сакам да бидам.

 

img_9053

img_9057

img_9087

ГОРАН ОД ЦРЕША БАР

Јас сум Горан, #несум Гоце Делчев, али да, држам брк како него. #Несум позер, но за Reborn може. Која ми е омилена ствар кај Цреша? Масите со велосипеди и лицата на гостите кога со кафето ќе послужиме слатко од смокви.

 

Ване од Кафе Круг

#Несум чуден, ама понекогаш имам чудни идеи 🙂 #Несум лош, ама уште побитно, не знам лош коктел да направам. #Несум позер, али морам да признаам дека добро позирам позади шанк.

 

Илија од Кафе Бар Синдикат

#Несум Дромец, дете од Дебар Маало сум. #Несум глумец, секогаш сум искрен. #Несум сам, со мене е екипата. #Несум Столе Змај, јас сум Супер Иљо.

 

img_9002

img_8996

img_8986

Ивана од Броз Кафе

Јас сум Ивана. Многу работи сум, но #несум обична и светот би бил досаден без мене. #Несум сигурна дали повеќе го сакам Броз поради мокачиното со вкус на лешник или троседот на вториот спрат со поглед на Скопје.

 

Калина од Кантина

#Несум срамежлива, расположена сум за добра дружба. #Несум висока, ама секогаш знам да го одберам правото столче. #Несум плавуша, ама знам добри вицови за плавуши. #Несум терсене, секогаш сум лабава.

 

img_9159

img_9155

img_9149

НИКОЛА ОД VAN GOGH

Јас сум Никола и #несум од филм, туку од реалност. #Несум од Скопје, туку од Охрид. #Несум во Ван Гог Можеби само затоа што е дел од веќе ретката скопска калдрма, туку и поради кафето во сабота попладне и пивото во петок навечер.

 

ЛАЗАР ОД CONCEPT37

#Несум лицемерен, затоа што сум природен и свој. #Несум материјалист, затоа што верувам во луѓето, а не во парите. #Несум егоист, затоа што ги делам стварите и моментите со најблиските. #Несум лажго, затоа што на лагата и се кратки нозете.

 

img_9036

img_9020

img_9029

Борис од Кино Карпош

Јас сум Борис, #несум Благоја. #Несум во Кино Карпош затоа што ми е на пола пат од дома накај Силбо (иако е дефинитивен плус), ниту затоа што ги знам скоро сите што доаѓаат, туку затоа што – каде и да си, за Нова Година во Кино Карпош си.

 

Мила од RadioBar

#Несум шеф. #Несум ѓезве. #Несум сите што немаат везе. #Несум гатанка, у моментов. #Несум со Адидас на нога и не земам дрога.

 

Ана од Vinyl

#Несум бројка, туку личност. #Несум копија, единствена сум. #Несум случајно тука. #НеСум капка во океанот, туку океанот во капка.

 

Иван од Hash Bar

#Несум мрзлив, станат сум од 8 сабајле за на работа. #Несум мамурен, имам многу работа. #Несум спортист, али знам добро да навивам. #Несум досаден, никогаш не одбивам журка.

 

Comments

comments