Но сè уште можеш да ја поддржиш зашто кампањата ќе биде активна уште 28 дена.

Archona Games, креаторите на „Small Star Empires“ и „Galactic Warlords: Battle for Dominion“, успеаа за само 4 часа во целост да ја финансираат Kickstarter кампањата за втората едиција на „Small Star Empires“ со две нови експанзии.

Својата препознатливост, „Small Star Empires“, освен од одличниот артворк на Милан, ја добива и од едноставноста и брзината што ги нуди. Играта се мести и игра за половина час, што ја прави одлична мала игра што можe да се игра било каде.

 

 

Во првата од двете експанзии, наречена „The Galactic Divide“, додадени се 4 нови цивилизации, уникатни способности, battlestations и power tracks. Сето тоа без да се наруши едноставноста на играта.

Целта на овие додатоци е да додаде повеќе опции за собирање поени и креирање на акции согласно со способностите на вашата цивилизација. Со ова, можете да правите повеќе акции во текот на еден круг, подобро да го планирате наредниот круг и да бидете подобри во играта (евентуално).

 

 

Во втората од двете експанзии, наречена „Dawn of Discoveries“, акцентот е ставен на новитетите како ресурси или минерали и Research Stations кои ќе ја подобрат играта преку понуда на технологии, доколку ги имате правите ресурси во рака. Секако, поентата на играта е да ја освоите галаксијата, така што секој минерал што се наоѓа во ваша рака носи повеќе поени за остварување на акциите што беа спомнати во претходната експанзија.

Можеби звучи комплексно и чудно, но во реалност е полесно од што изгледа.

 

Comments

comments