Ентериерот, дел од домот на семејството Јоновски, е парче урбан простор сместено во скопскиот gated community „Верина” кај Орман – нашиот најнов проект како архитектонско студио и концепт продавница Смарт Ливинг.

Архитектите на просторот го избегнуваат оној традиционалниот начин на декорирање со додавање на апликации на плафоните и ѕидовите. Вештото уредување значи дека еден простор може да кажува многу за себе и за оној кој живее во него, без да има потреба од премногу додатни детали и дополнителни украси.

Паметното сместување и комбинирање на добри парчиња мебел преставува едно друго ниво на уметност и изразување, преку предмети кои се истовремено пријатни за очите но и функционални, наменети за секојдневна употреба.

 

Галерија

Фотографии: Александра Костадиновска

Оваа статија е спонзорирана од Smart Living.

 

Comments

comments