Доколку си како нас, тогаш лето ти е омилен дел од годината. Не затоа што добиваш прилика да се пржиш на +40 степени, туку затоа што е сезоната на фестивали.

Поконкретно, затоа што конечно ќе го гледаш бендот што те одржуваше во живот цела година на работа, затоа што конечно ќе имаш изговор да ги извадиш чизмите за дожд од плакар и можеби најмногу затоа што на фестивал бургери се единствената опција за доручек, ручек и вечера.

А додека црташе мапа во тетратка и калкулираше на кој фестивал да ги потрошиш парите што вујко ти ти ги подари за роденден, Smirnoff знаејќи го ова, приготвија нова кампања со која на љубителите на добра водка ќе им додели бесплатни карти за некои од најдобрите летни фестивали во регионот.

 

 

Кампањата, која официјално започнува утре (21 јуни), е наречена „Smirnoff Music Fest“ и вклучува неколку промо настани во Скопје, на кои посетителите кои ќе пијат Smirnoff автоматски ќе учествуваат во наградна игра. Покрај многуте други, главните награди ќе бидат карти за летните фестивали EXIT, Д Фест, Green Beach Festival и SEA Dance Festival.

Сè што треба да направиш за да учествуваш е да дојдеш на еден од овие настани и да нарачаш Smirnoff:

🔴 21 јуни (четврток) во RadioBar со DJ Goce
🔴 22 јуни (петок) во Chillin со Session Selection
🔴 22 јуни (петок) во Havana со Ареа
🔴 23 јуни (сабота) во Епицентар со Flooder и Андреј Мицајков
🔴 28 јуни (четврток) во Јагода *Битола* со Berkant Kidas
🔴 29 јуни (петок) во Casa Bar
🔴 29 јуни
(петок) во Butler Summer Club со DJ Nikos Diamantopoulos 
🔴 30 јуни (сабота) во Mad Kitchen & Bar со DJ Nasty Sure Shotz
🔴 04 јули (среда) во Баду Бар со Drazi Drags

 

А откако ќе разгледаш кого има и што се случува, да се осигураш дека имаш повеќе од 18 години, да нарачаш Smirnoff и да очекуваш Smirnoff хостеса да ти ги објасни правилата и да ти понуди да учествуваш во наградната игра.

Следи нè за повеќе информации и очекувај најава на уште некој промо настан.

Со среќа!

 

Comments

comments