Овој петок (12 октомври) во Галерија Акантус, со почеток во 19.00 часот, ќе се отвори хуманитарна изложба на дела сработени со спреј на платно, направени од резидентите на домот за стари лица „Резиденција Дабески“ со помош на локални графити цртачи.

Бреон, компанијата во Скопје која го започна глобалното движење „Social Friday“ на кој и Reborn се приклучи, овој пат беше на волонтерска посета во домот за стари лица, „Резиденција Дабески“.  

„Social Friday“ е иницијатива на која може да се приклучи секоја компанија, која сака да придонесе за заедницата, преку одвојувајќи еден или повеќе петоци во годината за волонтерски активности по избор. Идејата доаѓа од истражувањата кои потврдуваат дека петок е најнепродуктивниот ден во неделата.

Така, својот 8-ми по ред Social Friday, Бреон, иницијаторот на движењето, се одлучи да го посвети на старите лица. Под мотото „Culture Meets Social Cause“, тие заедно со неколку локални графити цртачи ја посетија „Резиденција Дабески“ во Скопје и организираа акција за резидентите на домот – цртање со спрејови на платно.

 

 

Делата кои старите лица ги нацртаа со помош на графити цртачите ќе бидат изложени од овој петок (12 октомври) во Галерија „Акантус“. Изложбата ќе биде отворена во 19.00 часот, а ќе биде активна следните две недели. Парите од продажбата на делата ќе бидат целосно искористени за хуманитарни цели, односно ќе им бидат вратени во вид на донација, на лицата во Резиденција Дабески.  

Reborn веќе ги одржи своите први два Social Fridays и и го препорачува искуството на секоја компанија, бидејќи со тоа, не само што ќе придонесе кон подобар живот и иднина, туку и ќе го зближи и мотивира тимот.

Повеќе информации за иницијативата Social Friday може да најдете на нивниот вебсајт, а совети за приклучување има во овој наш текст.

 

Comments

comments