Фотографии: Александра Костадиновска

 

Волонтерски го чистевме ѓубрето на кејот на Вардар.

Минатиот петок го спроведовме нашиот втор „Social Friday“. Станува збор за глобална иницијатива започната во Скопје, на која секоја фирма може да се придружи, и преку која неколку петоци од годината се одвојуваат за социјални, волонтерски активности. Идејата доаѓа од фактот дека за компаниите петок е најнепродуктивниот ден во неделата со само 18,8% од вкупната сработена работа во текот на седмицата.

 

Social Friday Activity TRAILER 2

🎞️ Our 2nd official trailer is here!

🌍 It is truly inspiring seeing that Social Friday is something people all around the world are ready to implement in both their work culture and everyday life.

Great things always begin with the first step towards doing good.

If you agree, join our community and support those in need – share this trailer with your friends and start your own #SocialFridayActivity! IT`S WORTHWHILE.

Posted by Social Friday Activity on Tuesday, July 24, 2018

 

На нашиот прв „Social Friday“ заедно со Breon волонтиравме во СОС детско село, а овој пат им се придруживме на „Не биди ѓубре“ во чистењето на Скопје. „Не биди ѓубре“ е група на локални активисти, кои волонтерски, веќе некој период, го чистат ѓубрето од македонските улици и јавни простори. Иницирано од Ирена Ристиќ, движењето постојано расте и привлекува сè повеќе внимание.

Минатиот петок (28 септември) нашиот тим се придружи на една ваква акција во која вкупно 20-ина луѓе се потрудивме да исчистиме што повеќе од ѓубрето кое се складира на кејот на Вардар во Центар. Во 2 часа наполнивме повеќе од 30 вреќи смет.

Повеќе информации за Social Friday и како може да се придружите има тука и на нивниот вебсајт.

 

 

Comments

comments