Георги Ктов и Вјара Желјазкова се водечките архитекти позади студиото I/O Architects. Тие можеби сè уште не се познати во европските архитектонски кругови, но наскоро секој европеец ќе знае без проблем да ги изговори нивните специфични имиња.

Работата на бугарските „star architects“ делува интимно и ексклузивно. Многу ретко може да наидеме на нешто нивно (сè додека Archdaily или Dezeen не објават нешто), бидејќи дури и на нивниот веб-сајт нема никаква информација за проектите на кои работеле. Единствен пристап до нивното целосно портфолио е преку некоја од нивните книги, кои од време на време решаваат да ги пуштат во продажба. За жал, ние сè уште немаме лесен пристап до нив.

Еден од последни проекти на I/O Architects е штотуку изведената куќа близу Софија, која на минимализмот му влева една нова нота на топлина.

pagoda-house_250116_01-800x503

Куќата е на едно ниво и изобилува со фасцинантно убави акценти почнувајќи од високите прозори, дизајнерскиот мебел, урбаните уметнички дела па сè до стаклената гаража. Секој детаљ е беспрекорно изведен – нешто што кај нас ретко се случува. Уживајте.

pagoda-house_250116_03-800x539 pagoda-house_250116_02-800x534pagoda-house_250116_07-800x536 pagoda-house_250116_06-800x475pagoda-house_250116_08-800x1053pagoda-house_250116_09-800x858pagoda-house_250116_10-800x1134pagoda-house_250116_11-800x530pagoda-house_250116_12-800x551pagoda-house_250116_13-800x571pagoda-house_250116_14-800x1106pagoda-house_250116_16-800x540 pagoda-house_250116_15-800x534pagoda-house_250116_18-800x769pagoda-house_250116_17-800x1199

Comments

comments