Откако се „закитија” со неколку нови спотови и песни, а за дел од нив имаа и промоција пред некој месец, се знаеше дека каде и да е ќе се случи едно фино заокружување на целиот процес со нов албум.

„Соголи ме” е петти по ред студиски албум, кој својата промоција ќе ја има на 10 февруари во денсинг салата на МКЦ со почеток од 21.00 часот.

Новиот албум е логичен продолжеток на приказната која започна далечната 1999 година преку албумот „String Forces“, па следуваше албумот „Изохронија“ од 2002, „Свиленкаст пат“ од 2006 и „Reductio ad Absurdum“ од 2009 година.

Како и претходните, албумот е снимен во студиото „Профундус“ во продукција на String Forces, под водство на Дориан Јовановиќ од март 2016 до јануари 2017. Во истиот период групата продуцираше и четири видео-спота за песните „Ние сме“, „Тишина“, „Зборот“ и последниот, промовиран на 3.1.2017, „Има ли“.

 

 

Во чест на дводецениското творење на групата, на концертот покрај новиот албум ќе се присетиме и на претходните четири албуми на групата, како никогаш до сега и при тоа покрај сегашните членови на бендот, на сцената ќе се качат и некои поранешни членови.

 

Comments

comments