За неполн месец во Солун се случува еден од највозбудливте музички фестивали. По тој повод ги одвоивме нашите 8 омилени места во градот, кои мислиме дека секој вреди да ги посети.

Од 20 до 23 септември Reworks Festival во Солун ќе собере публика од целиот свет, плус најдоброто од современата електронска музика. На долгиот, импресивен лајнап се наоѓаат артисти како: Daphni, Kangding Ray, Laurent Garnier, Maceo Plex, Redshape, Richie Hawtin и многу други.

Ние веќе се радуваме и психички припремаме за супер провод. За времето помеѓу настапите пак, со помош од страна на нашата драга пријателка Софија Христова, одбравме неколку локали кои престојот ќе ни го направат уште поубав.

 

 

Ако веќе ги набави карти за Reworks, скролни директното на листата со локации. А ако сè уште немаш планови за септември, тогаш искористи ја шансата која ја нудат нашите пријатели од Heineken за да поминеш неколку незаборавни денови покрај море и добра музика.

Во тек е нивната наградна игра (повеќе инфо на крајот од текстот) во која, покрај сите кул поклони од типот на патување за двајца за Амстердам, Beats слушалки и JBL bluetooth звучници, се наоѓаат и 42 карти за Reworks Festival.

 

 

 

Ergon Agora
Најдобро за: Ручек и пазарување

„Ergon Agora“ има ентериер на традиционален затворен базар во кој се комбинирани тезги со храна, ресторан, пекара и бар. Оваа концепт продавница е дефинитивно најубавиот и најраскошен хот спот во Солун за сè поврзано со храна. Сместена во ценатрот на градот, ви нуди огромен избор на свежи производи, деликатеси, превкусни готвени јадења и квалитетно, а достапно вино.

Ве предупредуваме дека овде е невозможно само да „претрчате“. Затоа одвојте барем неколку часа, да се изгубите во сите мириси и вкусови. Дполнителен плус е и работното време од 9 часот наутро до 1 часот по полноќ.

 

 

 

Poco Loco
Најдобро за: Десерт

„Unicorn milkshake“ е само дел од слатката и уникатна понуда на „Poco Loco“. Ова бистро е идеално место ако после саати и саати танцување сакате да се наградите со убав десерт. Палачинки, капкејкс, топло чоколадо со крофна на врвот од чашата, креативни коктели и кафиња… Местото е мало, ама нуди голем избор за кој дефинитвно вреди бар на кратко да заборавите на калориите. А ентериерот со ѕид од цвеќиња е визуелен бонус.

 

 

 

Aigli – Geni Hamam
Најдобро за: Вечера

„Aigli – Geni Hamam“ е вистински, автентичен амам претворен во бар. Оригиналниот ентериер на хамамот е целосно зачуван, плус збогатен со диско елементи, а резултатот е магичен. Освен предобри коктели, тука има и одлична и внимателно направена селекција на електронска музика. Секој ден од неделата е поделен тематски, па има свинг четврток, џангл недела итн. А ако огладнете, имаат и солиден избор на вкусна храна.

 

 

 

The Loco Bus
Најдобро за: Хамбургер и брз оброк

Ако сакаш малку ретро или си фан на хипи ерата, тогаш дефинитвно ќе уживаш во „The Loco Bus“. Како што самото име кажува, во самиот ресторан има буквално автобус кој е
уреден целосно во стилот на ‘60-те. Всушност сè, до најмалиот детал во местово, е во духот на таа ера и чувствто е како навистина да влегуваш во временска машина. Така, и менито е составено налик американските „diners“ од таа ера. Наша препорака е хамбургерот.

 

 

 

Triaktis
Најдобро за: Морска храна

Каде подобро да искусиш вистинска морска храна, ако не на самото море? Таверната „Triaktis“ ви го нуди токму тоа. Огромен избор на свежи риби и медитеранска храна послужени на платформа на приватно морско пристаниште. Уредувањето е едноставно, ама храната и погледот на отвореното море се бесценети.

 

 

 

Roots
Најдобро за: Вегани и здрава исхрана

Да, не ве забораваме ниту вас веганите и вегетаријанците. „Roots“ e најдобриот вегански ресторан во Солун, ама тука вкусно ќе се најадеш и ако си само гурман кој сака квалитетна храна. Од вегански хамбургер, преку веганско гиро до разни креативни и здрави оброци, ова мало, симпатично место комбинира врвно кулинарство со сосема пристојни цени.

 

 

 

Fragile и Vanilla World Skybar
Најдобро за: Денско кафе или ноќен коктел

Близината на морето дава посебна убавина на небото во Солун. А отворените барови на врв од зграда се идеално место за уживање во синилото и ѕвездите под ведро небо.

„Fragile“ e еден од најпознатите скај-барови во Солун. Минимален декор и бел ентериер, идеален за денско опуштање со кафе или пијачка, а преку викенд нуди и бранч. Навечер пак организираат проекции на стари филмови, па може да споите излегување со кино на отворено.

За ноќна шема пак, тука е „Vanilla World Skybar“. Исто така, уреден во доминатно бела боја, но со по „фенси“ вајб. Супер избор на коктели, а ако огладнете од танцување има и вкусно суши.

 

Comments

comments