Една од стварите што ги правам со многу љубов и внимание, а особено во последно време, е барањето и истражувањето на нови музички артисти кои знаат така јако да ме инспирираат, мотивираат и едуцираат.

Последниот „мохиканец” од овие чудотворци е фантастичниот музичар, поет, музички инженер и композитор – американецот Ryan Lott или попознат по своето уметничко име – Son Lux.

Години наназад, Ryan Lott, иновативниот композитор и дечкото позади овој маестрален проект, создава музика која е пресекот на поп и класичната музика и претставува еден совршен комплекс од жанрови и стилови кои перфектно се вклопуваат во најразлични медиуми.

 

 

Доказ за тоа е фактот дека неговата музика можеме да ја сретнеме во различни модерни танци, ТВ реклами и во неколку филмови („The Disappearance Of Eleanor Rigby” и „Paper Towns”).

Заради бракот со професионална танчарка, тој со години креира и создава музика за неговата понежна половина и танчерското студио каде што таа игра, со што ја објаснува игривоста и динамиката на неговата музика.

 

 

Творец е на 5 албуми [„At War with Walls & Mazes (Anticon, 2008)”, „We Are Rising (Anticon, 2011)”, „Lanterns (Joyful Noise, 2013)”, „Sisyphus (Asthmatic Kitty/Joyful Noise, 2014) (with Serengeti & Sufjan Stevens, as Sisyphus)” и „Bones (Glassnote, 2015)”], а истотака е познат и по своите многубројни соработки и колаборации со артисти претставници на различни музички жанрови и стилови како на пример од соработката со Beyonce, Arcade Fire и Lorde па се до Nico Muhly, Caroline Shaw и многу други.

 

 

Son Lux ја добива својата конечна форма (барем за сега) и се повеќе и повеќе „бега” од соло изведбите преку соработките со гитаристот Rafiq Bhatia и тапанарот Ian Chang за неговиот последен албум – „Bones”. „Bones” е многу повеќе од една обична музичка колаборација.

Се работи за магионичар и визионер кој нема музички корени, но бил форсиран од своите родители од рана возраст да свири пијано (за што е вечно благодарен), кој прерасна во врвен и маестрален музички артист кој креира парче музичка уметност со футуристички поглед.

 

 

Comments

comments