Хипстер е претставник на американска суб-културна форма на конзумеризмот, за кого идејата позади маркетингот има поголема вредност отколку самиот продукт кој се маркетира.

Самиот attachment на одредени зборови, фрази, или идеи… на пример, од типот: контра култура, независен, indie, alternative, alt, organic, old school итн… без разлика дали продуктот е музика, мода, технологија, храна, или социјални медиуми, е доволен за хипстерот да им/си придодаде вредност, без разлика дали продуктот вистински ја содржи. Иронично пак, хипстерот се доживува себеси како противник на масовната култура и конформизмот.

Ние, овде во Reborn, се доживуваме како некоја автентична македонска хипстераана, која го вреднува продуктот исто колку и ПР-от вложен во неговото претставување.

Всушност, тие две нешта се толку поврзани, што за нас се едно. 😉 Затоа редовно под нос ви поттураме ужасно квалитетна културно-општествена понуда, но во сјајно, тукуречи гламурозно пакување.

Денес Ви го нудиме најхипстерскиот европски летен фестивал, а да не се расправаме, летните фестивали и сами по себе се јако хипстерска авантура.

Фестивалот Sonar, по својата интелектуална селекција на артисти и релативно ограничениот обем на посетители, во своите 25 години постоење, успеа да се наметне како омилена точка на прибирливите музички сладокусци, но и самите артисти, кои не жалат од своето скапоцено студиско време, да одлетаат до Барселона и уживаат во креативната интеракција која таму е норма. Распослан во 3 богати фестивалски денови, овогодишниот јубилеен Sonar ќе се одржи од 14 до 16 јуни и секако, има опасно квалитетна он, оф и пратечка програма.

Се на се, посетителите ќе можат да проследат повеќе од 140 перформанси, распоредени на 10 стејџа, цел ден и цела ноќ, вклучувајќи ексклузивни концерти на веројатно најголемиот современ бенд во моментов LCD Soundsystem; фабулозните Gorillaz, Tom Yorke, Richie Hawtin, Laurent Garnier, Cornelius, Modeselektor, Bonobo… Би сакал да го издвојам и особено истакнам настапот на брилијантниот Ryuichi Sakamoto и Alva Noto, кои ќе го презентираат својот нов материјал. Овој настап е дотолку маркантен, што ова ќе биде еден од вкупно трите концерти кои воопшто ќе ги отсвират на нивната светска промоција.

 

 

Разгледувајќи ги имињата кои се наоѓаат на списоците за настап, наидов на еден куп сосем нови, интересни, надоаѓачки, new breed артисти, од кои пред се ќе ја споменам мојата омилена Yaeji, potoa IAMDDB, Damdike Stare, Michael England, Tokimonsta AV, Jenny Hval, како и енигматичниoт наполитански артист Liberato, чиј идентитет е непознат, а во Италија го сметаат за вистински феномен. Расположени за авантура? Ете ви ја пред нос драги мои.

За оние кои традиционално се ложат на диџеи и танцување до зората, пред се, тука ќе бидат Despacio сосе нивниот фамозен sound system и James Murphy + 2Many Djs позади грамофоните и тоа со маратонски винил сетови. Од оваа димензија ќе ги споменам уште и Objekt, Young Marco, Miss Kittin, Kim Ann Foxman… Заедно со веќе погоре споменатите електронски танц легенди, тоа е благо речено полна капа за екипата која шета наоколу со ширум отворени очи и шишиња вода. 🙂

 

 

Сигурен сум дека веќе прочитавте барем неколку must see имиња, а би можел и да продолжам со куп други за да ве доубедам во продуктот кој ви го нудиме онака искрено, како хипстер на хипстер.

Сепак, сигурен сум дека освен што имате интернет конекција и владеете барем англиски, мора да лудувате и по некои опскурни артисти од овогодишниот фестивалски ростер, за кои јас не пишував денес. Ете посочете ми во коментари што да гледам, навистина сум јако напален на нешто сосем свежо и возбудливо, а ме знаете мене – диносаурус. Да, ова прецизно значи дека одам на овогодишниот Sonar, си купив авион, билети, смештај… стариот добар Мирко Попов е дефинитивно решен да ги прошета овие искусни, но подукочени коски до позитивно шизофрената Барселона и се истретира себеси со еден јако хипстерски фестивал. Се надевам не е прерано да прашам: Кој е вашиот план за летово?

 

Comments

comments