Добиј копија од книгата „Шпионка“ на Пауло Коелјо од Книжарница ТРИ. Лајкни го статусот на Facebook и тагни го твојот пријател/ка (во Facebook коментар) на кого би му се допаднала оваа книга. Добитникот ќе биде одреден на 24.12.2016 (сабота) во 14.00 часот.

Како купувате книги?
А) по препорака од Реборн
Б) сугестија од пријател
В) според насловот кој ви го скокотка умот
Г) според краткото инфо на задната страна на книгата

Ама признајте, насловот на книгата сепак одигрува голема улога при изборот на книгата, нели?!

Вообичаено, авторите велат дека имаат проблем при изборот на насловот за својата книга. Имено, насловот треба да кажува многу, ама да не открива сé. Треба да го информира накратко читателот за тоа што се раскажува или за кого, што е темата на книгата, дали воопшто ја доловува главната идеја на раскажаното или не?! Премногу прашања кои треба да си ги псотави пред себе авторот на книгата за да го привлече читателот за да ја купи. Некои наслови на книги се метафора за нарацијата, а некои пак едноставно ви кажуваат однапред сé за книгата, ама ќе го сфатите тоа дури откако ќе ја прочитате.

Ние овојпат се фативме за овој наслов „Шпионка“ од Пауло Коелјо. Не знаеме сé уште дали насловот потсвесно нé примами заради општествените случувања околу нас или едноставно затоа што е новиот роман на Пауло Коелјо. Сепак, се одлучивме да ви го препорачаме не само заради тоа што се раскажува за The Мata Hari, фамозната, познатата, промискуитетна жена која ја посакуваат сите мажи, а ѝ завидуваат сите жени; Жената која прави избор меѓу заробеништвото на брачните обврски и слободата на танцувањето; Жената која не верува во љубовта, туку во слободата да се биде свој; туку заради начинот на кој Пауло Коелјо сака да им каже нешто на своите читатели, ама не го прави тоа директно, туку преку насловот на книгата.

Книгата се состои од две писма: првото писмо е напишано од неа и ги читате сите нејзини контроверзи и случувања и емоции во прво лице еднина. Меѓутоа, од нејзиното писмо вие воопшто не добивате слика на жена која била дупли шпион за време на Првата светска војна. Напротив, Вие едноставно читате писмо од жена која ја бара убавината во тоа слободно да танцува и да руши предрасуди и табуа во тој временски период…

 

 

Авторот на крајот од книгата вели дека „сите факти наведени во книгата се вистинити… Досието „Мата Хари“ на Британската разузнавачка служба стана јавен документ во 1999 година“ и доколку сакате да истражувате материјали со назнака „доверливо“ и да се бавите со разузнувачки информации може да го најдете овде.

Она што нас нé не остави рамнодушни и нé натера да размислуваме и да истражуваме повеќе е всушност токму НАСЛОВОТ. Интригантноста на постапката на авторот е видлива во напорот да прикаже ЖЕНА која себеси не се доживува како шпион, во првото нејзино писмо, а тој веќе во насловот антиципира ШПИОНКА. Зошто? Па за да го доведе читателот во ситуација да не знае што е точно, а што не. Тоа „читателско двоумење“ е постапка на ангажирање на читателот да дознае што повеќе…и да чита!

Дали Е или НЕ ќе Ви оставиме сами да одлучите и да видите дали насловот е соодветен за книгава откако ќе го прочитате и второто писмо во книгата, кое нема да Ви откриеме од кого е напишано. Книгата ќе ја најдете во Издавачкиот центар „ТРИ“, во просториите на кафе-книжарницата „ТРИ“ (Дебар маало) на ул. „Аминта Трети“ бр. 33.

#SmartIsTheNewSexy #ВљубениВоКнигата #ОдУмотНаЛилјана
#ВерувамВоЉубовНаПрваСтраница #ЧитамЗначиПостојам

 

Comments

comments