Фотографии: Александра Костадиновска
Модели: Горјана Кулишевска, Борјан Ристовски
Облечени во новата колекција на Springfield

 

Едиторијалот кој го фотографиравме со Springfield ја промовира нивната прва еко-одржлива колекција.

R[ECO]NSIDER е новиот проект на Springfield, дел од есен/зима 2018 колекцијата, и е нивната прва еко-одговорна колекција. Преку него брендот се фокусира на два клучни аспекти: (1) употребата само на 100% памук, и (2) употребата на нова технологија за изработката на тексас, која користи ласер и озон. На овој начин Springfield се посветува на одржлив развој со кој ќе ги задоволи потребите на сегашноста, без да ги загрози оние на идните генерации.

Преку внимавање на животната средина, тие на купувачите им нудат памучна облека која не користи синтетички пестициди и други штетни состојки во изработката, а сите тексас-парчиња се финиширани со нова ласерска и озон технологија, која заштедува вода и енергија и ја избегнува употребата на хлор, белило и други загадувачи.

Колекцијата е сега достапна во сите продавници на Springfield во Македонија и онлајн на нивниот e-shop.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Comments

comments