Веќе не е ништо непознато и нечуено во тоа дека прапочетокот на џезот се врзува со африканското потекло и крикот на корените на афроамериканските блузери во новата, наметната татковина.

Во него има вткаено многу традиција, копнеж и болка, која „добрите читачи на душата“ ја препознаа во џезот кој лесно го освои патот до срцето на неговите почитувачи и добрите музички познавачи.

Веројатно по овој резон и џез-хаус хитмејкерот, Ludovic Navarre аkа St Germain, по едноипол децениска посветеност на џезот, влегува по потрага на поврзаноста меѓу африканската традиционална музика и блузот. Притоа, фокусот му е на творештвото на гитарската легенда Ali Farka Toure, од Мали. Ваквата потрага по „срцето“ на џезот вроди со издавање албум во 2015 година, уникатно музичко доживување.

 

 

Автентичноста на „папочната врска“ на африканскиот блуз со џезот е запазена и со учеството на некои од најдобрите африкански музичари и пејачи од Мали и од Сенегал, во оригиналната музичка комбинација на St Germain на традиционалните инструменти кора, балафон и нгони со електрични гитари, клавијатури, саксофони и електронски семплови.

OFFest до 19ти Мај имаше promo buzz, односно додели 2 влезници за концертот на St Germain. Секој што ќе ја најде маската во Скопје со ликот на St Germain, oбоена во боите на македонското знаме, требаше да направи „селфи” и да го испрати на тимот на OFFest.

Оваа кул кампања, Ludovic ја прави на својата турнеја ширум светот, на секое место каде настапува. Неговиот лик е обоен со десетици знамиња и бои под кои се „скриени” милиони фанови на неговиот оригинален jazz.

Придружете ни се на St Germain на OFFest, петок (27ми мај).

 

Comments

comments