Ако имате мајка како мојата, чии имиња на места за чекање во Скопје мирисаат на нафталин (Багат, Нама, Громби, како бе сине не знаеш кај беше Ѓерас Цунев?) тогаш многу е веројатно дека некогаш ви го спомнала и чекачкото место Борово (во близина на Бикот).

Ви текнува за што станува збор? Борово е стара фабрика за чевли основана во 1931, уште постои и лоцирана е во Вуковар (Хрватска). Порано била толку голема, што дури имало и мало градче (Borovo Naselje) за 20те илјади работници. Ако уште не се сети, погледни ја сликава (најпознатиот модел на Борово чевли, „Боросана“ – флешбек од забавиште).

Нашите учителки немале многу избор, затоа што овие чевли во социјализмот биле дел од работничката униформа како „медицински и ортопедски“ обувки. „Rad je odmor cijelog dana u obući borosana“. Бои: тегет и бела, или ги сакаш или ги мразиш.

Фаст-форвард десетина години, фабриката Борово е тешко погодена од бомбардирањата во Вуковар и е принудена да паузира со работа од 1991-1997ма година. Полека се враќа во 1998ма, но со значително помал капацитет – само 1000 вработени.

Фаст-форвард уште десетина години, условите се стабилизираат и Борово почнува да размислува за ново лансирање и позиционирање на пазарот. Во 2007ма почнуваат да соработуваат со дизајнерот Mauro Massarotto за редизајн на брендот Startas.

Примарно, патиките Startas биле направени за пинг-понг играчите во седумдесетите, а со тек на време (во недостаток од странски алтернативи) станале популарни во цела Југославија, слично на приказната со Converse во Америка.

 

Startas-kampanja3

 

Денес патиките ги има во секакви бои и патерни (од леопард до смачкан бадем… Ива Чуркович, дизајнер на принт во Startas во едно интервју раскажува како видела бадем на земја, го смачкала, си нашла патерн во мачканицата и го адаптирала за принт).

Интересен факт: Патиките сè уште се изработуваат на истиот начин како во 1976, рачно шиени (не лепени) од гума и платно.

Борово не само што успеаа да го воскReснат брендот (Rebirth?), го променија и подобрија од корен. Денес Startas ги објавуваат во Vogue и се продаваат низ цел свет, од Милано до Париз, Хонг-Конг, Лондон, Њујорк, и Токио.

Епа дечки, подоле е само дел од убавите шари на женските патики Startas (има и машки), а ако некој налета на нив низ светов нека биде добар да ми купи бар уште едни. За повеќе, разгледајте го нивниот Instagram и Facebook.

 

1053092_1149741665060243_6084555486518454813_o

Startas-kampanja2

Startas-kampanja

Startas-kampanja-4

 

Comments

comments