На 25 октомври (четврток), на поткровјето на Јавна Соба, со почеток во 18.00 часот, ќе се одржи Startup Grind Skopje под името, „Brutally Honest”.

На панел дискусијата ќе учествуваат бизнисмени и стартап претприемачи од Македонија, кои искрено ќе разговараат и ќе се обидат да ги пренесат сопствените професионални искуства во Македонија, препреките кои ги надминале и зошто одлучиле својот сон да го остварат токму тука.

 

 

Целта на настанот е отворено да се разговара за сите аспекти на претприемништвото и да се споделат корисни искуства на панелистите, воедно давајќи шанса и на публиката да се вклучи во дискусијата и да поставува прашања.

Настанот е во организација на Vrootok, а како главни партнери се јавуваат Brainster и Public Room. Влезот за настанот е бесплатен. За повеќе информации посетете ја фан страната на Startup Grind Skopje.

 

Comments

comments