Доделуваме 2 карти за Скопје Стартап Викенд 2018. Повеќе инфо тука.

 

Стартап Викенд 2018 ќе се одржи во просториите на CEED HUB од 19 до 21 октомври и има за цел да го поттикне претприемачкиот дух и да им се даде шанса на сите што имаат бизнис идеја, да дојдат и тимски да ја развиваат.

Станува збор за Techstars Startup Weekend powered by Google for Entrepreneurs, кој глобално има повеќе од 2900 настани во повеќе од 660 градови ширум светот. На настанот ќе се соединат ентузијасти, програмери, маркетинг професионалци, студенти и претприемачи, кои ќе добијат шанса да запознаат експерти од локална и интернационална бизнис сцена, да остварат бизнис контакти и да освојат награди што ќе им овозможат понатамошно развивање на бизнис идеите.

 

 

Стартап Викенд ќе започне со презентирање на идеите на учесниците и формирање на тимови, кои заедно ќе работат на развивање на идеите со поддршка од истакнати професионалци и ментори во сферата. На крајот на настанот сите тимови ќе ги презентираат своите решенија пред стручно жири, а победниците ќе имаат можност да продолжат да ја развиваат својата идеја и да ја трансформираат во реален бизнис.

Повеќе информации околу настанот може да дознаете на Startup Weekend Skopje Networking & Drinksовој четврток (04 октомври) во 19.30 во Јавна Соба.  

Early Bird пакетите за Startup Weekend 2018 се сè уште достапни и може да се купат тука.

 

Comments

comments