Со неверојатниот успех на неговите Adidas Yeezy Boosts интернетот го прогласи Kanye West за царот на патиките. Но, според мене, во блиската историја на дизајн на патики, царот е, и ќе остане, Stefan Janoski. Ако сте љубители на Nike, нај веројатно ги знаете патиките на Stefan. За оние кој не го знаат, еве мало интро за Stefan и неговата пасија.

Stefan Janoski, 34 годишен Американец со европски корени (не е Македонец… да, и нас многу Македонско ни звучи името), е поранешен про-скејтер кој е дел од тимот на Nike SB (Nike Skateboarding). Роден е во Vacaville, California во 1979 година. Janoski започнал со скејтбордингот со неговите маалски другари на 13 годишна возраст. Од тука почнува неговата одисеја во скејтерството и модата.

Stefan ги објавува новите Civilist x Nike SB Janoski QS „Spree Pack“ во Берлин

Stefan Janoski е најпознат за неговата „signature“ едиција на Nike патики – Nike Zoom Stefan Janoski. Издадени во 2009 година, овие лежерни патики со дизајн кој одговара на секаков стил, имаат постигнато светска популарност и неверојатен успех во продажба.

На почетокот од создавањето на Nike Stefan Janoski SB, тој бил дел од сите одлуки кои се носеле во врска со дизајнот.

Бев целосно вклучени во дизајнот на патиките. Почетокот беше борба. Nike и јас имавме две различни идеи за како треба да изгледа патиката, и имаше многу ревизии, но бидејко ова беше моја „signature“ едиција, јас не се согласував на многу компромиси и продолзивме да работиме се додека патиката не беше баш таква каква што јас ја замислив.

Nike SB Zoom Stefan Janoski PR (Digi Floral)

Денес, поради огромниот избор и големиот број на модели од колекцијата, деталните одлуки околу боја, материјал, форма, итн. остануваат на вработените во Nike. Единственото барање кое го има Stefan е да се задржи оригиналноста на секој модел без разлика дали е Lunar, Max, High, или Low. Омилени му се класичните бели и црни модели, така што тие секогаш мора да ги има во производство.

 

 

Можеби не е славен скејтер како неговите колеги Tony Hawk и Erik Koston, но неговата колекција на патики преставува бум во индустријата. Не би било чудно ако еден ден името Stefan Janoski се споредува со иминја како Chuck Taylor (Converse) или Stan Smith (Adidas) – дизајнери кои останаа запомнети благодарение на нивните успешно дизајнирани патики.

 

 

Comments

comments