Втора година по ред „Seavus“ едукативниот и развоен центар и „Џолев и уметностите“ нудат можност да се образуваш во областа на графичкиот дизајн, видео, фотографија и моден дизајн. А за кандидатите нудат и шанса за повеќе видови на стипендии.

Годинава се предвидени 20 места за студенти од Академијата за визуелни уметности и 10 места во Академијата за моден дизајн.

Отворен е и повик за стипендии кој ќе трае до 31 август. Преку повикот ќе бидат доделени три типа на стипендии, односно: 10% стипендии за кандидатите кои ќе влезат во вториот круг, 50% стипендии за кандидатите кои ќе влезат во третиот круг и 100% стипендија за најдобриот кандидат од сите пријавени.

 

 

Кандидатите кои ќе аплицираат ќе бидат повикани на кратко интервју со координаторите од академиите пред кои ќе имаат можност да ги претстават своите лични портфолија и дела. Овие средби ќе се остварат во период од 3 од 17 септември, а по нивното завршување официјално ќе бидат објавени добитниците на стипендии.

Ако сакате да се едуцирате и надградите може да аплицирате тука.

Повеќе информации за академиите, можете да погледнете на:
http://djolevandarts.com/
http://www.sedc.mk/academy/academy-for-design/visual-artist/
http://www.sedc.mk/academy/academy-for-design/fashion-designer/

 

Comments

comments