Скопје минатата недела беше поприлично културен и отмен домаќин на интересни и несекојдневни настани.

И не само минатата недела. Еднаш нашиот стар добар МП зборуваше за тоа – настани во Скопје има секогаш, твое е да ги забележиш и посетиш. Па токму затоа се решивме дека од сега па натаму секој понеделник ќе ги запишуваме работите кои ни ја одбележаа изминатата недела и ќе ги споделиме со тебе. Си рековме – можеби некого го болело заб (или уште полошо му дошла тетката од Австралија на гости) па не можел да излезе овој викенд.

Но покрај импресиите од настани ќе споделуваме и тековни информации за локални теми од секаков тип. Информации за кои не сме успеале да издвоиме цел текст, но кои дефинитивно вреди да ги знаеш.

 

 

Се одржа концертна промoција на деби албумот на Pluto’s Doubts

Во рамки на Таксират Фестивал, на 4 декември во кино Фросина, PLUTO’S DOUBTS во соработка со Password продукција, имаа концертна промоција на својот деби албум СИЗИФ. Деветте песни содржани на изданието СИЗИФ, премиерно беа отсвирени јавно, а искуството за посетителите беше збогатено со код за бесплатен download.

 

 

Беше промовирана зимската колекција на Dreadpen

Во вторникот се случи промоцијата на новата зимска Dreadpen колекција. Сите зимски варијанти на дуксерите, маиците, стикерите и dread notes на Dreadpen беа изложени во кафе барот Винил. За музичкот дел беше задолжен Dj Drama (Goran) од Zad Agolot.

 

 

Се случи прослава по повод 3 години Љубовен базар

Четвртокот беше резервиран за третото роденденското издание на Љубовен базар во кафе бар Љубов. Главните актери на ова роденденско издание на Љубовен базар беа: кожарска индустрија Horvat, Mei Ro, Foreground totebags, Gligor Kuzmanovski, Kremisimo, УрбанЕра /UrbanEra/, Em Ellephantski, MORPHO, Wizart, Woodyz – Wooden handcrafted bowties, AnArt – АнАрт (Handweaving Studio), а за музичкиот дел беше задолжен Алек Пулиос.

 

 

Започна Red Bull #canyoumakeit2018 предизвикот

Официјално започна Red Bull #canyoumakeit2018 предизвикот каде што над 200 студентски тимови од 60 земји учеснички меѓусебно ќе се натпреваруваат за тоа кој ќе стигне до крајната дестинација: Амстердам и кој ќе собере повеќе поени. Учесниците на овој предизвик ќе треба да успеат во рок од 7 дена да стигнат до целта, притоа користејќи само едно платежно средство – лименки Red Bull.

Ако мислиш дека си правиот кандидат за овој предизвик, редовен студент, постар од 18 години и имаш веќе подготвен тричлен тим тогаш инстатно пријави го твојот тим тука.

 

Comments

comments