Ако ти текнува на Sky Selection (музичката емисија на SkyNet), тогаш 100% си ги фатил спотовите на „Келари шарени”, „Каде бегаш” или било која друга песна од String Forces. А ако ти текнува, тогаш сум сигурен дека ти фалат. String Forces, не Sky Selection.

String Forces дефинитивно беа и сè уште се легендарен македонски бенд кој прави музика за луѓето со префинет и истенчен слух. Баш поради тој факт, некако имав чувство дека овие луѓе магично ги снема, и не се доволно активни последниве години.

Но, еве ме демантираат. Денес во 20.00 часот за медиуми, а во 21.00 часот за сите останати во кафе бар Винил ќе одржат промоција на „Зборот”, третиот сингл од новиот (петти по ред) студиски албум.

 

 

Спотот е во самостојна продукција на групата, како и последните два, и е изработен во соработка со Тања Рибарска, Гоце Наневски, Кристијан Теодоров и екипата на ДримОн 2016: Лидија Мојсовска, Раде Гогоски и Филип Јорданов.

Настапот ќе се состои од изведба на нови песни, досегашните синглови и плус уште некое изненадување. Промоцијата на албумот се планира за декември оваа година.

 

 

Comments

comments