Хонг Конг е познат по гужви и хаос. Градот има голем проблем со просторот за живеење, особено за студентите. Решението можеби го пронајдоа архитектонското студио LYCS Architecture, кои издизајнираа еден студентски станбен комплекс, со цел изнаоѓање на солуција за високите трошоци за рента.

Иновативен концепт на студентско сместување во кој при процесот на ентериерното уредување истовремено доминираат креативниот доем и економичноста. Успевајќи да го совладаат овој предизвик, при реновирањето на веќе постоечкиот хотел, дизајнерите презентираат еден сосема нов и исплатлив концепт.

Кампусот се состои од 48 студентски апартмани, сместени на 3 нивоа, додека остатокот од комплексот вбројува зеднички простории, сала за вежбање, кафетерија и базен.

Новиот дизајн ги отстранува постоечките партиции помеѓу собите, заменувајќи ги со централно позиционирана маса како заеднички простор за работни активности и дружење. Во овој ограничен, оптимизиран простор, секој сегмент е инвентивно креиран и функционално искористен, создавајќи една пријатна атмосфера во која студентите би можеле да го уживаат своето време. Приватното катче – во овој случај креветот, е создадено како мултифункционален мини простор кој само со затворање на завесата креира индивидуално место.

Црните плафони во студентските соби се оставени како површина – детал за изразување на креативниот дух на студентите, давајќи им можност да го збогатат ентериерот со својот омилен патерн или цртеж. Заедничките простории пак, се дизајнирани во одмерено колоритен амбиент, достигнувајќи топла и жива атмосфера за дневните социјални активности и гејмање.

Се на се еден кул и иновативен проект кој ќе им овозможи на студентите пријатен престој во нивниот нов дом, а воедно ги исполнува сите предвидени услови за студирање и создавање на една работна атмосфера.

 

Галерија

 

Comments

comments