Веќе со години го набројуваме Бојан Кртолица како еден од нашите омилени локални дизајнери.

Неговото студио, Studio Baika, се наоѓа во Париз и претежно работи на графички дизајн. Но исто како и Бојан, целото студио и неговиот тим е поли-дисциплинарно, па покрај графички дизајн тие често (успешно) експериментираат и со други форми на изразување. Еден од последните проекти на Studio Baika е најновата соработка со Art Melodies.

Art Melodies е музички лејбл од Париз, Франција. Основан е 2012 година, од страна на Olivier Samouillan, поранешен член на Проект Жлуст и на Македонската Филхармонија. Нивниот главен фокус е продукција на музика за играни и документарни филмови, реклами спотови, како и секаков вид на музичка илустрација каде таа е потребна.

Соработката на Art Melodies и Studio Baika е уште од самите почетоци на лејблот, кога Baika беше ангажирана да го изработи нивниот визуелниот идентитет, а потоа и да ги илустрира нивните музички изданија низ сите овие години.

 

 

Comments

comments