Веќе ја споделивме нашата опсесија со Stranger Things. Мораме да признаеме дека стварно пробавме, но не успеавме да се воздржуваме да споделиме уште неколку ствари поврзани со серијата.

Овој пат ќе позборуваме за дечките кои стојат зад феноменалниот саундтрак, Kyle Dixon и Michael Stein.

Иако звучи неверојатно, ова е нивниот прв официјален филмски проект. Dixon и Stein заедно со Mark Donica и Adam Jones го сочинуваат S U R V I V E — „synth wave“ бенд од Остин, Тексас, за кој допрва ќе слушаме.

Досега, тие имаат издадено само едно EP, MNQ026 и тоа пред четири години. Нивниот последен проект, каде веројатно се вметнати последните четири години работа, е RR7349 кој ќе излезе на 30-ти септември.

 

survive-record

 

До тогаш, можеме да уживаме во саундтракот на Stranger Things кој беше издаден во два дела на винил и излезе пред некоја недела.

Слушајќи го саундтракот, забележливо е дека Dixon и Stein имаат огромно влијание од филмските композитори како Mark Snow („X-Files“ и „The Twilight Zone“),  Angelo Badalamenti („Twin Peaks“ и „Beach“),  John Carpenter & Alan Howarth („Escape from New York“ и„The Thing“) и Vangelis („Blade Runner“) — композитори кои имаат оставено силен отпечаток врз филмската музика во 80-тите, но и врз оформувањето на електронската музика.

Моментално, S U R V I V E целосно (и заслужено) го имаат моето внимание.

 

 

Иако нивната музика на многу начини потсеќа на Carpenter, Vangelis и Snow, сепак звучи пософистицирано и уникатно и мислам дека нивниот звук ќе влијае врз новата генерација и развивањето на електронскиот звук во годините што следат.

И да, во случај некој да сака да ги слушне во живо, Kyle Dixon и Michael Stein ќе ја претстават музиката за прв пат на фестивалот Unsound во Краков, Полска на 16.10.2016.

 

Comments

comments