Минатата недела бевме во Кантина со најновата колекција на брендот „MALAKAMILA“, овој пат ќе ги погледнеме танцовиот перформанс на Сара Цветковска.

Пробуваме да покриеме што е возможно повеќе сфери и да им отстапиме простор на што е возможно поразлични локални креативци. Тоа е и основната причина поради која ги правиме овие настани во партнерство со Neuland. Во изминатите 8 недели јадевме ѕид од крофни, шизевме на музиката на Pirka во Скејт парк, па дури и пробавме молекуларна храна.

 

 

Продолжуваме да ја одржуваме разноликоста, па следниот NeulandNight го посветуваме на танцот. Го нарековме „Suzanne“ и ќе се одржи на 11 октомври (четврток, секако) во Vinyl во 21.00 часот. Концептот е заедничко дело на три талентирани девојки: Ивана Мојсовска (инсталација), Адријана Данчевска (кореографија) и Сара Цветковска (танчерка). Музиката која ќе биде искористена за перформансот е дело на македонскиот бенд KNNT, а вечерта ќе продолжи со звуците на DJ Bruv. 

Се надеваме дека ќе ни се придружите.

 

Како изгледаа последните NeulandNights:

nn_007 http://www.reborn.mk/galerija-peculiar-neulandnight/
nn_006 http://www.reborn.mk/neulandnight-echo/
nn_005 http://www.reborn.mk/neulandnight-pirka/

 

Comments

comments