Оваа година Македонија повторно ќе се приклучи во иницијативата за прославување на светската вселенска недела, која што ќе биде отворена со изложбата на астрономски фотографии од локални автори, како и информативен панел на тема „Употреба на отворените податоци на НАСА за креирање на иновативни алатки”.

Целта на овој настан на глобално ниво е да се стави акцент на придобивките од вселенските истражувања спроведени во текот на изминатата година за решавање на предизвици на планетета земја и во вселената. Проектот локално ќе се одбележува преку низа настани на истата тематика, а оваа година во Македонија, фокусот ќе биде ставен на нашиот најголем предизвик, особено во зимскиот период, загадувањето на воздухот.

Програмата по денови е објавена на официјалниот Фејсбук настан, а истата содржи посети на планетариум, опсерваторијата Кокино, филмска вечер, јавна дебата Не оставај на друг, дојди за чист воздух“, и секако забава за сите заинтересирани.

За повеќе информации можете да ги контактирате организаторите на нивната фејсбук страница.

 

Comments

comments