Иако важам за тотален аматер во светот на ТВ сериите, пример никогаш немам гледано Friends, кога се „фаќам“ за серија, таа мора да биде навистина квалитетна и лесна за око. Исто како со девојките.

Последно нешто што успеа да ми задржи полн фокус и остави со подзината уста е белгискиот Netflix хит „Tabula Rasa“. „Tabula Rasa“ е психилошки трилер кој го следи животот и случувањата на Mie D’Haeze (Veerle Batens), девојка на која, по преживеана сообраќајна незгода, меморијата и се сведува на еднодневна меморија. Таа паралелно се наоѓа во центарот на вниманието на истрагата, која се води за исчезнатото лице Thomas De Geest (Jeroen Perceval), кој последен пат бил виден со неа.

 

 

Има пет главни причини поради тоа зошто „Tabula Rasa“ успеа вака да ме овои. Најпрвин се работи за европска кинематографија која е реална и сурова до самиот крај, второ – бавното и помалку меланхолично дејствие на серијата е исполнето со огромен број на неочекувани твистови, поткрепени со веродостојни и научно докажани факти. Пример, дава одговор на прашањето „Како е медицински возможно да си повратиме одредена меморија која не ја паметиме“?.

Трето, одличната глума на актерите изобилува со искрена емоција и реална презентација на човековата агонија, четврто, серијата има одлична фотографија и амбиент (сличен на серијата Dark, исто така на Netflix) и петто, погореспоменатите твистови се навистина добро осмислени, што му дава една посериозна нота на сценариото, кое секако е одлично.

 

 

„Tabula Rasa“ е серија која од една страна не-така-лесно можеш да ја откачиш и сакаш да ја изгледаш за еден ден, но од друга страна е серија која поради својата комплексност, бара трпение и време.

Мој совет е да не ја брзате, гледајте ја во исклучиво фокусирана состојба на умот, оставете да ви „легне“ материјалот и разубавете си го мозокот со квалитетно парче филм.

 

Оцена
4.0Оцена
Reader Rating 7 Votes

Comments

comments