Др. Тања Петрушевска е дел од тимот истражувачи кои направија ексклузивно астрономско откритие, чии резултати беа објавени денес во престижното списание Science.

Имено, за првпат астрофизичарите најдоа доказ за експлозија на супернова која формирала неутронска ѕвезда, што многу блиску орбитира до друга неутронска ѕвезда.

Иако се дружиме со гикови, следиме научни вести и се смееме на Rick and Morty, сепак нема да се преправаме дека сме компетентни да зборуваме за астро физика. Затоа, ќе оставиме деталите околу ова откритие и неговата важност, стручно да ви ги објаснат нашите пријатели од Скопското астрономско друштво, кои подготвија текст на темава.

Нам ни останува искрено да честитаме и да се надеваме дека ќе има уште многу вакви убави вести.

 

Comments

comments