Кога John Williams првпат го прочитал сценариото за „Schindler’s List“, првото нешто што му го предложил на Steven Spielberg било: „Ти треба подобар композитор”, на што Spielberg му одговорил „Знам, но сите добри се мртви”. Пристапот на Spielberg е нормален за повеќето режисери – да го пронајде најдобриот филмски композитор што би одговарал за тој филм. Ваков коментар никој досега нема дадено за филмовите на Tarantino.

Кога ќе се изговори името на Tarantino одма ти станува јасно дека се работи за јак филм, а и подеднакво јак саундтрак. Мора да признаам, тоа е, штом е тој присутен – се е јасно. За некои, подеднакво скокотлива енигма е начинот на кој Tarantino ги селектира актерите и начинот на кој ги избира песните кои се појавуваат во неговите филмови.

За подобрите режисери музиката е еден од пресудните фактори за добар филм. Jim Jarmusch е нашироко познат љубител на добрата музика (во филмот „Only Lovers Left Alive”, изведувачката на „Yasmine Hamdan“ – Hal, стана светски хит благодарение на погоре споменатиот пријател). Идеме назад на Tarantino.

tarantino-on-set-2

Секоја негова комбинација од песни е круцијална за успехот и ефектот на филмот. Без разлика дали станува збор за црно-бел, кунг-фу или шпагети вестерн. Под рака со Martin Scorsese и Wes Anderson, Tarantino е еден од екипата режисери кои знаат како перфектно да ја употребат поп-музиката, а притоа да ги трансформираат сцените во незаборавно доживување.

За неговите фанови (тука број ме и мене), невозможно би било да се замисли „Reservoir Dogs” без „Stuck In the Middle With You“ или „Pulp Fiction” без „Misirlou“. Tarantino, во една прилика се реши да ни подобјасни како функционираат работите:

„Една од работите што ги правам кога почнувам со снимање на филм, кога го пишувам сценариото или во моментот кога филмот е само нереализирана идеја е преслушување на мојата колекција од плочи“.

„Пуштам плоча по плоча и непрестајно слушам музика, притоа се обидувам да ја пронајдам вистинската која ќе ме поврзе со карактерот и духот на филмот. Бум! Ми се вртат во глава 2-3 песни и тогаш знам дека некоја од нив ќе биде интрото. Да ја имаш „Misilrou” како интро песна е многу напнато и тензично”, раскажува Tarantino. „Песната сама ти наговествува дека ти ќе бидеш дел од еден епик филм, затоа навали се на столот и биди спремен за нешто извонредно.

uma-music

Додава дека „Кога се бираат песните и се вклопуваат во филмот, тој процес е дел од филмската уметност што се разликува од било кој друг вид уметност. Песните дејствуваат во еден висцерален, емоционален и филмски начин што е навистина специјално”.

Звучи едноставно, а? Има вистина во муабетов. Кога и да ја слушнам „Bang Bang” од Nancy Sinatra пред очи ми заигруваат сцени од „Kill Bill”, на сличен начин и „Girl You’ll Be a Woman Soon” ме потсеќа на „Pulp Fiction”.

Додека сме кај „Kill Bill”, наидов на една интересна дешавка која му се има случено на Tarantino додека бил во Јапонија. Па во едно интервју објаснува: „Бев во Јапонија, и се спремав за лет кон Австралија, два саати пред да одам кон аеродромот, се шетав и поминав покрај една продавница за облека. Влегов внатре и здогледав група од млади девојчиња како пеат и играат на песна која свиреше во продавницата. Ме заголицка песната, па ја прашав продавачката од кого е. Таа ми одговори дека станува збор за 5.6.7.8.s,’ и ми го покажа ЦДто. Ја прашав дали може да го купам? Не, не може, ова е наше ЦД ние сме продавница за облека, а не за продажба на музика. Па нормално како секој шупак од Америка ја замолив да го повика менаџерот – што во Јапонија е знак на непочитување и грубо однесување. Едноставно морав да го имам ЦДто затоа што веќе имав замисла за мојот тогашен проект Kill Bill vol.1. Знаев дека ако ова се случи ќе го добијам ЦДто сега и одма, ако не нема никогаш да го имам тоа ЦД. И нормално менаџерот ми го продаде ЦДто за 6 јени, а девојките ги вметнав во сцена од филмот“.

kill-bill-music

Специфично за Tarantino е комбинирањето на песни и филмови од различни временски периоди. Воодушевувачка беше сцената од „Django Unchained” кога Jamie Foxx во вестерн, ројал облека (кошула со карнери типична за белците од тој период) јава на коњ, околу него робови, а во позадина иде Rick Ross – „100 Black Coffins”. Во „Inglourious Basterds” свири „Cat people” од David Bowie додека Shoshanna нанесува шминка, a Хитлер седи на неколку метри од неа.

По толку пофални зборови, Tarantino пријателе, верувам дека нема да нè разочараш сo твојот нов проект (кој ќе излезе на 8 Јануари 2016), „Hateful 8“. А за саундтракот не сакам ни муабет да праиме.

 

AnOther’s Quentin Tarantino Playlist | Listen for free at bop.fm

 

Comments

comments