Тие што не следат редовно, знаат дека сме фанови на #TBT рубрики, а ако тематиката е Југославија, тогаш сме на седмо небо.

Случајно налетавме на еден прекрасен проект на нашиот драг пријател и Reborn ликЗоран Кардула – редизајни на дел од познатите Југословенски постери, кој не е ништо ново за интернетот (веќе една година е на Bored Panda) али сепак е ново за нас, па решивме да го споделиме со нашите #TBT зависници.

Роден, растен, едуциран и моделиран во границите на ЕКС ЈУ просторите, помалку и носталгичен, Кардула направи една колекција на графички дизајни во кои ги презентира своите редизајни на дел од познатите Југословенски постери.

Како што самиот има изјавено, главната идеја ја црпи од огромната индустриска ре/еволуција која постоела во Југославија, демонстрирана преку многубројните примери за моќни фабрики, брендови и продукти. Едноставно сака да создаде модерна верзија на тие култни постери, но во духот на тоа време. И да, успеа тоа да го направи во негов стил.

Разгледајте ја галеријата подолу од неколку од нашите омилени дела. За целосната колекција, проверете ги овие статии: Прв дел, втор дел, и трет дел.

 

Галерија

 

Comments

comments