Еве една галерија од старото култно место за електронска музика во Скопје – „The Club“.

Кога електронската музика влегуваше во ноќниот живот во Скопје, јас бев многу, многу мала. Се сеќавам прво како сестра ми ме носеше на транс и гоа журки. Откако стекна доверба во моите журкаџиски способности, ме зема и во диско. Ме однесе во Буњаковец. Ми текнува, се симнуваше надолу по скалите (кај што преку ден беа тезгите со книги), спроти пазарчето. Местото се викаше „The Club“.

„The Club“ постоеше од 2002 до 2008 година. Станува збор за клуб во кој се комуницираше само преку музиката, се разговараше само за музика, клуб кој првенствено и се формираше само заради музиката.

The Club даваше можност на сите таленти од земјата и надвор од неа да се претстават со најразлични музики. Се разбира, не бевме ограничени само на ДЏ-и, туку често се случуваше и бендови да свират во клубот.“ – Горан Костовски (Ind Og)

Јас ја немав таа среќа да бидам дел од генерацијата која беше инвентарот на „The Club”. Среќна сум што барем неколку пати успеав да се „шлепам“ покрај сестра ми. Мемориите ми се прилично бледи од местото, но сè уште се сеќавам дека луѓето денсаа. Да, во Скопје луѓе денсале во клуб – имаме и доказ. Погледнете ја галерија подолу. Можеби ќе се препознаете (или некои од вашите пријатели).

 

Галерија (2006-2008)

Благодарение на Ind Og

 

Comments

comments