Фотографии: Александра Костадиновска

 

На 17.03.2018 (сабота) во бифето на Факултетот за драмски уметности премиерно се одигра театарската импровизација „Настап”.

„Настап” е театарски проект на кој се работи повеќе од една година, а кој оваа сабота ја имаше својата премиера. Игрите кои се играат во „Настап” се универзални игри за театарска импровизација, кои се употребуваат насекаде низ светот во различни форми, за различна намена, како на пример – театарско образование, забавно шоу и театарски натпревари.

Импровизаторската театарска група „Настап” ја сочинуваат седум членови и тоа: Тони Денковски, Григор Јовановски, Дамјан Цветановски, Сергеј Димовски, Мартин Манев, Андреј Цветановски и Димче Николовски – Димсата.

Бевме, видовме и резимиравме. Имаше одлична атмосфера, многу луѓе и еден тон забава. Во тој час и половина, колку што траеше настанот, публиката уживаше во лудориите на импровизаторската група „Настап”. Од екипата која стои позади „Настап” најавуваат уште многу играрии во скоро време.

 

 

Comments

comments