На 8 и 9 декември, во клубот Минус еден, ќе започне серија на настани наречени Telekom Electronic Clubnights, а поддржани од Telekom Electronic Beats.

Telekom Electronic Beats е платформа за клубска музика, филм и уметност креирана од страна на Deutsche Telekom во 2000 година. На почетокот платформата се фокусирала само на промоција на музиката, но сега таа ја прифаќа очигледната и силна поврзаност меѓу музиката и останатите сегменти од животот, како што се дизајнот, технологијата, модата и уметноста.

 

 

Posted by Kino Karposh on Wednesday, November 22, 2017

 

Во петок, 8-ми декември ќе ја имаме честа да се журкаме со хаус дивата Jenifa Mayanja. Таа на активна повеќе од 25 години, од своите почетоци во раните 90-ти кога навлегува во самите корени на музичката сцена. По потекло е од Уганда, но нејзиното патешествие низ deep house сцената ја носи во New York, од каде постепено добива репутација на бестрашен диџеј и продуцент, со што го добива и надимакот „прва дама на дип хаусот“. Таа е иновативна и почитувана амбасадорка на жените во хаус музиката. Домашна поддршка на дамата од Њујоршкиот андреграунд, која ни гостува за првпат во Скопје, ќе биде нашиот искусен диџеј Томи Бојаџи (Pure Soul).

На 9-ти декември сабота, ќе гостува Andreas Saag со својот нов проект, Saagan LIVE. Шведскиот диџеј и продуцент се смета за еден од најпознатите имиња на Скандинавската клубска сцена, а неговата мисија е да направи бленд од жанровите како хаус, техно, соул, џез и клубска музика. Домашна поддршка за настанот ќе бидат Самоил Радински (Logos Recordings) и Илина Ангел (PMG).

Важно: Билетите за секој од настаните се строго лимитирани на количина од 250 и истите може да ги набавите во предпродажба во Кино Карпош за 200 денари или на самиот влез по цена од 300 денари.

 

Comments

comments