Слушни го албумот: „Краток албум за двајца“

 

Викендов во Винил се случи промоција на деби албумот на Телемама и Пиколомини со наслов „Краток албум за двајца“, како издание за независната музичка издавачка куќа, Шарла Рекордс.

Оваа нивна музичка колаборација доаѓа по нивниот супер успешен сингл „Аника“, кој излезе минатото лето и кој, не само што ги освои срцата на домашната публика, туку доживеа и солиден интернационален успех.

 

 

„Краток албум за двајца“ е мини колекција од 7 композиции напишани од Давид Ангелевски (Пиколомини) и Драгана Заревска (Телемама) и е обид да се изгради музичко-тематски контекст околу „Аника“. Се работи за лирски топол и автентичен израз составен од различни музички стилови во кои се слеваат мали приказни, околности и ликови кои припаѓаат на нашето секојдневие, а сето тоа презентирано преку уникатниот глас на Драгана Заревска.

Комплетната авторска и продукциска работа, дизајн и подготовка се дело на Давид Ангелевски и Драгана Заревска.

 

Comments

comments