Македонската дизајнерка Теодора Митровска беше дел од модната недела во Рига, Латвија со својата нова колекција „We Are Not Machines“.

Покрај ревијата, Теодора има и свој изложбен простор како дел од Fashion United во склоп на Riga Fashion Week. Таа на 2 ноември доаѓа во Скопје за да ја промовира колекцијата во склоп на 18-от Fashion Weekend Skopje.

We Are Not Machines“ е инспирирана од текстилните работници и ја адресира експлоатацијата на евтината работна сила во земјите од третиот свет. Создадена е да се прилагоди на разните женски облици и големини, а истовремено е родово неутрална. Колекцијата е концептуална и наменета за млади, авангардни луѓе кои сакаат улична мода со печат на ексцентричност.

 

 

„Голема чест е да се учествува на ваков настан. Затоа, сакам од срце да се заблагодарам на Модниот викенд – Скопје и организаторката Светлана Богова Јовановска за укажаната прилика. Огромна благодарност и до Бојан Јанев (DJ SoulCase до Pirka NeulandNight, ако ви текнува) за музиката која специјално ја направи за оваа ревија“, изјави дизајнерката.

Теодора Мирковска годинава дипломираше на модните студии на „Middlesex University“ во Лондон. Таа, во едно минато интервју, ни кажа дека облеката ја доживува како замена за зборови. Нејзините креации се концептуални и генерално наменети за жени но, преку своите дела активно ги руши половите бариери, внесувајќи свеж и неконвенционален моден израз.

 

Фотографии: Јулија Пивена

 

 

Фотографии: Вика Аниско

 

Comments

comments