За првпат во Скопје ќе се случи тетовирање „на слепо“ и тоа оваа сабота, во рамки на Музеј Дебар Маало.

Со гордост ви го најавуваме гостувањето на концептот „тетовирање на слепо“, кој го организираме во соработка со тату-студиото Nameless Tattoo. Тетовирањето ќе се одржи оваа сабота, во Кантина, со почеток во 17.00 часот, а во склоп на второто издание на фестивалот на македонска уметност – „Музеј Дебар Маало“.

 

Што е тетовирање „на слепо“?

Станува збор за концепт кој не е нов, но кој досега се нема одржано во Македонија. Разликата помеѓу класичното тетовирање и она „на слепо“ е тоа што тетоважата ја бира самиот тату-артист, а „тетовираните“ ја дознаваат по нејзиното комплетирање.

 

Фото: Тетовирање на слепо во Бруклин

 

Колкумина ќе може да се тетовираат?

Оваа сабота, вкупно 10 заинтересирани и храбри посетители на „Музеј Дебар Маало“ ќе си отидат дома со тетоважа од дизајните на тату-артистите од Nameless Tattoo – Драш, Ирина и Благоја.

 

Како ќе биде направена селекцијата на оние кои ќе се тетовираат?

Поради големиот интерес, а ограничениот капацитет, посетителите кои ќе имаат прилика да се тетовираат „на слепо“ ќе бидат одредени по случаен избор, односно преку лотарија. Сите заинтересирани, во текот на истиот ден, до најдоцна 16.30 часот, ќе може да потпишат договор за учество и согласност за тетовирање на слепо со кој ќе учествуваат во лотаријата. Примероци од договорот ќе бидат достапни во Кантина преку целиот ден, а во 17.15 часот ќе бидат соопштени 10-те посетители кои ќе учествуваат во тетовирањето.

 

Колку ќе чини една тетоважа?

Цената на едно тетовирање е 1000 денари.

 

Фото: Ирина од Nameless Tattoo

 

Како ќе биде тетоважата сокриена во текот на тетовирањето?

За тетовираните да не можат да ја видат тетоважата се до нејзино завршување, помеѓу нив и тату-артистот ќе биде поставена ѕид-преграда со доволно простор само за протнување на рака или нога.

 

Дали посетителите сами ја бираат локацијата на тетоважата?

Поради специфичниот концепт, тетоважите ќе можат да бидат направени само на рака, дланка или на нога, а учесниците сами бираат каде точно ќе биде поставена тетоважата.

 

Comments

comments